1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Федерер останува „крал на Вимблдон“

Роже Федерер победи на Вимблдон. Серена Вилијамс беше поуспешна во финалето од сестра и’. Германија освои трофеј во конкуренција на мешани двојки.

default

Роже Федере на Вимблдон 2009

Швајцарскиот тенисер Роже Федерер останува „крал на Вимблдон“ и по фантастичното финале, влезе во историјата како најуспешен тенисер на сите времиња, кога се во прашање четирите најпознати, таканаречени грен-слем турнири.

По 4 часа и 16 минути, по пет одиграни сета и со рекордните 16 спрема 14 во решавачкиот сет, Федерер уште еднаш го освои Вимблдон. „Ова беше луд меч, крајот беше неверојатен, уште ми се врти во главата, но ова е незаборавен момент во мојата кариера“, изјави Федерер непосредно по завршувањето на финалето. На противникот му ги упати следниве зборови: „Енди одигра неверојатен турнир. Не биди тажен, и јас поминав низ такви тешки моменти, меѓу нив и на овој терен минатата година. Ќе додјдеш пак и ќе победиш, навистина се надевам. Денеска среќата беше на мојата страна“.

Енди Родик возврати: „Сакам само да му честитам на Роже. Тој е вистински шампион и го заслужи сето што го постигна. Добро сторено, Роже!“

Со петнаесеттата грен-слем титула, Федерер го надмина Американецот Пит Сампрас, со кого досега го делеа рекордот. Патем, Сампрас лично присуствуваше на финалето меѓу Федерер и Енди Родик.

Томи Хас полека се враќа во врвот на тенискиот спорт

Забележителен настап на Вимблдон годинава имаше Германецот Томи Хас. Уште на турнирот во Хале, исто

Wimbledon - Tommy Haas

Томи Хас

така на подлога од трева, Хас најави дека и на Вимблдон може да се смета на него. И навистина, тој стигна до полуфиналето, елиминирајќи го патем и Новак Ѓоковиќ, но распоредот му беше таков, што за пласман во финалето пред него се испречи во моментов несовладлива пречка, каква што е Роџер Федерер. „Да бидам сосем искрен, на почетокот на турнирот не верував дека ќе стигнам до полуфиналето. Од друга страна, по турнирот во Хале по малку се надевав, со распоредот што го имав во Вимблдон, дека со добра игра можеби имам шанса и да стигнам далеку. Полуфиналето е огромен успех“, оцени Хас.

Повторно сестринско финале

Tennis Wimbledon Serena Williams 4. Juli 2009

Серена Вилијамс

Во женска конкуренција сестринско финале, во кое помладата - Серина, ја совлада постарата, Винас Вилијамс и по трет пат го освои Вимблдон, по успесите во 2002 и 2003. „Се чувствував како да нема да го освојам трофејот и не можам да верувам дека го држам в рака. Тој и’ е суден на Винас, таа секогаш победува, не ми се верува дека сега јас победив“.

Победничката доби признание од победената: „Денеска таа беше подобра. Имаше одговор за се’ и играше извонреден тенис. И’ честитам“.

Трофеј за Германија во двојки

И во женска конкуренција Германија играше забележителна улога: Ана-Лена Гренефелд играјќи во мешани двојки со Марк Ноулс од Бахамите како партнер, ја освои титулата, по победата во финалето над главните фаворити, двојката Кара Блек од Зимбабве и Леандер Паес од Индија, со 2 спрема 0 во сетови. Последен пат германска тенисерка освои титула во Вимблдон пред 13 години, и тоа легендарната Штефи Граф. За 24-годишната Гренефелд ова е најголем успех во кариерата, во која досега има победено на осум турнири.

Автор: дв/Зоран Јордановски

Редактор: Алексанадра Трајковска