1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Федерер и Надал во полуфиналето

Рафаел Надал се пласира во полуфиналето на Грен слемот Австралија опен, каде ќе се сретне со Рожер Федерер, кој го победи првакот од Вимблдон, Енди Мареј.

Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер по три и полчасовна борба денеска успеа да го победи Енди Мареј (Велика Британија) и да се пласира меѓу четворицата најдобри на Грен слемот Австралија Опен.

Швајцарецот ги доби првите два сета со 6:3 и 6:4, а во третиот, откако не искористи сервис за меч му дозволи на противникот со две брејк-топки да го спаси гемот, а подоцна и сетот и да намали на 2:1 (8:6 во тај-брекот).

Сепак до победа швајцарскиот тенисер дојде веќе во следниот сет кој го реши во своја корист со 6:3.

Противник на Федерер во полуфиналната фаза (в четврток) ќе му биде Рафаел Надал (Шпанија), кој рано утрово го совлада Григор Димитров (Бугарија) со 3:1 - по сетови 3:6, 7:6, 7:6 и 6:2.

Утре со почеток во 9 часот и 30 минути ќе започне првото полуфинале во кое учесници се Томаш Бердиг (Чешка) и Станислас Вавринка (Швајцарија).