1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Федерер и Мареј се борат за титулата на Вимблдон

Швајцарецот Роџер Федерер и Шкотланѓанецот Ендру Мареј денеска (08.07) се борат за титулата најдобар на турнирот во Вимблдон. Вчера Серена Вилијамс ја освои својата петта титула во женска конкуренција.

Во финалниот меч против Агњешка Радванска од Полска, помладата од сестрите Вилијамс во три сета стигна до својата петта победа на Вимблдон. Серена Вилијамс го заврши својот поход на турнирот со впечатлив биланс од 6:1, 5:7 и 6:2 по сетови.

Tennis Wimbledon Serena Williams USA

Серена Вилијамс

Американката беше доминантна на почетокот на мечот и дури откако на Радванска и‘ успеа во вториот сет да ја искористи брејк-шансата, мечот стана навистина возбудлив. Освен тоа, улога одигра и дождот и по паузата Вилијамс загуби на ритам, што на Радванска и‘ овозможи изедначување по сетови. Сепак, на крајот победи поискусната од двете тенисерки.

Ова е вкупно 14-та победа на Серена Вилијамс на грен слем турнири и означува крај на периодот на повреди на Американката. Серена Вилијамс за победата доби 1,45 милиони евра. Радванска мора да се задоволи со „само“ 725.000 евра. Освен тоа, тенисерката од Полска се искачи и на светската ранг листа на втора позиција.