1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Федерер го достигна рекордот на Борг

*

Швајцарецот Роже Федерер петти пат по ред ја освои титулата на тенискиот турнир Вимблдон. Со тоа го достигна рекордот кој го држеше швеѓанецот Бјорн Борг.

„Кога човек ќе дојде на Вимблдон и ќе ја види листата со победници на која стои дека Борг петпати по ред е на првото место, тогаш знае дека тој е еден од најдобрите. Затоа достигнувањето на успехот на Борг дури ми е нереално поради што многу се радувам“, изјави Федерер по финалето во кое го совлада Шпанецот Рафаел Надал.