ФДП- Либерална партија | Теми | DW | 11.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

ФДП- Либерална партија

Основана во 1948 година, либералната и про-бизнис Партија на слободните демократи, учествуваше во влади предводени од ЦДУ и СПД цели 45 години. Сѐ до 2013 година, кога не успеа да влезе во парламентот.

ФДП промовира слободна пазарна економија и индивидуални слободи, и честопати досега беше во ситуација да го има одлучувачкиот збор за тоа која од двете големи партии во земјата ќе формира влада. Критичарите ја напаѓаат партијата дека се залага само за интересите на својата база урбани, богати и самовработени Германци. Под раководство на Кристијан Линднер, партијата во 2017 година успеа да се врати во Бундестагот.