1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ФБИ уапси ново лице поради писмото за Обама

Кој го испрати отровното писмо до американскиот претседател Барак Обама не е расчистено ниту по две недели од обидот за атентат. ФБИ меѓутоа сега верува дека в раце го има вистинскиот испраќач.

ФБИ во Мисисипи уапси 41-годишен маж. Телевизијата Си-Ен-Ен и други медиуми, повикувајќи се на портпаролка на сојузната полиција, јавија дека уапсениот е Џејмс Еверет Дучке (на фотографијата).

Дучке бил уапсен во неговиот дом во Тупело. Прво осомничен беше познаник на Дучке, имитаторот на Елвис, Пол Кевин Куртис, меѓутоа обвинувањата против него се покажаа неосновани.

Писмата кои содржеа рицин, а беа адресирани до престедателот Обама и републиканскиот сентарот Роџер Викер, беа откриени во поштенската служба во Белата куќа и во Капитол. Отровно писмо било адресирано и до судијката Седи Холанд во Мисисипи.

Куртис за време на сослушувањето изрази сомневање дека е жртва на интрига и го спомена Дучке, наставник по боречки спорт, со кого, според сопствени наводи, бил долго време во кавга. Караниците отишле дотаму што Куртис морал да се обрати до адвокат за совет.

„Њујорк Тајмс“ пишува дека Дучке, чиј дом беше претресуван од страна на ФБИ во текот на изминатите денови, е под сомневање и за злоставување деца. Тој во 2007 година безуспешно се кандидирал за место во Претставничкиот дом на Мисисипи. Седи Холанд, до која било адресирано едно до отровните писма, е мајка на тогашниот предивикувач на Дучке за пратеничко место.