1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ФБИ спречи терористички напад

ФБИ според сопствени извори спречиле терористички напад врз воена база во Њу Џерси. Шест лица на возраст од 22 до 28 години биле изведени пред изтражен судија. ФБИ им префрлува дека планирале напад во кој имале намера да убијат колку што е можно повеќе војници. Полицијата ја отрки групата со тоа што во неа вметна лице, информатор. Лицата се уапсени при обид да купат автоматско оружје. Четворица од уапсените биле родени во поранешна Југославија според некои агенции станува збор за Косовоски Албанци, еден во Јордан и еден во Турција. Од Белата куќа денеска се вели дека не постои врска меѓу уапсените лица и меѓународниот тероризам.