1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ФБИ призна употреба на беспилотни летала во САД

Директорот на ФБИ, Роберт Милер изјави дека американските власти користат беспилотни летала за набљудување на територијата на земјата во одредени ситуации.

Американската сојузна полиција ФБИ за првпат потврди дека користела беспилотни летала за надгедување на сопствената територија. Ова се случувало „ретко“, рече директорот на ФБИ, Роберт Милер (на насловнат афотографија) во Вашингтон пред Комисијата за правда на Сенатот. Биле употребувани „многу малку безпилотни летала“ и употребата била „ограничена на посебни случаи“, истакна Милер. Неговата институција во моментов работи на правилник за употреба на бесилотни летала. ФБИ подоцна објави сооопштение во кое се наведува дека беспилотните летала се користат за следење на неподвижни објекти и набљудување сериозни ризици за избегнување опасни ситуации на безбедносните служби.

Минатиот месец претседателот на САД Барак Обама застана во одбрана на употребата на беспилотните летала во странство. Сепак, тој увери дека САД никогаш нема да користат беспилотни летала опремени со оружје на американска територија.

Другите американски власти веќе подогло време користат безпилотни летала. Меѓу другите Министерството за внатрешни работи со нив ја нагледува границата со Мексико. Во странство воружени американски безпилотни летала се користат во Пакистан и во јеме во борбата против осомничени екетремисити и бунтовници.

Поврзана содржина