1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Фајон не верува во брз договор за механизмот за суспензија на бевизниот режим

Известувачката на Европарламентот за визната либерализација Тања Фајон ги повика земјите од Западниот Балкан да работат на намалување на бројот на т.н. „лажни азиланти“.

default

Пратеничката во Европскиот парламент од Словенија и известувач на Европскиот парламент за визна либерализација Тања Фајон изјави дека преговорите околу механизмот за суспензија на визната либерализација се‘ уште траат, како и дека, според неа, тешко дека во брзо време ќе биде постигнат договор.

„Преговорите околу механизмот за суспензија се’ уште траат. Сметам дека нема брзо да стигнеме до договор“, изјави Фајон, а пренесува турската агенција Анадолија.

Претставниците на Советот на Европа, Европската комисија и Европскиот парламент на 18 декември 2012 година не постигнаа договор за механизмот за суспензија на визната либерализација на земјите од Западен Балкан.

Фајон предупреди дека земјите од Западен Балкан, сепак, треба да работат на тоа да се спречи потребата од повторно воведување визи за своите граѓани.

„Без разлика, мерките треба да се почитуваат и да се работи на намалување на бројот на азилантите“, истакна Фајон.