1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Фајон: Неединството во ЕУ го блокира суспендирањето на визите за Балкан

Според европратеничката Фајон, има неколку спорни прашања за кои се преговара, на пример колку години по укинувањето на визите за една земја, некоја држава-членка на ЕУ може да побара суспензија на безвизниот режим.

Во ЕУ постои загриженост поради приливот на лажни азиланти од земјите на Западен Балкан, но поради несогласувања во рамките на Унијата засега не треба да се стравува од суспензија на безвизниот режим, изјави словенечкиот европратеник Тања Фајон.

„Европа и натаму изразува загриженост поради големиот прилив на лажни азиланти од Србија и другите земји од Западен Балкан. Но, поради внатрешните несогласувања во ЕУ на релација Европски парламент - Европска комисија - Европски совет, не треба да се грижиме дека наскоро е можно повторно воведувањена визи“, изјави Фајон во интервју за денешниот број на белградскиот весник „Вечерње новости“.

Фајон нагласува дека меѓу институциите на ЕУ се преговара за механизам за времена суспензија на безвизниот режим врз основа на документ предложен од Еврокомисијата пред три години, но дека засега на повидок не е никаков договор.

„Минатата недела повторно имавме тројни разговори, но не успеавме да утврдиме заеднички став... Тешко е да се каже дали воопшто и ќе можеме да постигнеме договор“, додава Фајон.

Според неа, има неколку спорни прашања за кои се преговара, како на пример она колку години по укинувањето на визите за една земја, некоја држава-членка може да побра суспензија на тој безвизен режим. „Парламентот предлага три години, а Европската комисија дури седум“, потенцира Фајон.

„Земјите-членки вршат голем притисок. Бараат што е можно побрзо усвојување на мерки, врз основа на кои би можеле да воведуваат времена суспензија на безвизниот режим за која било трета земја, не само за државите од Западен Балкан, потенцира Фајон.