1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Фајон за ДВ: Се‘ уште нема договор за механизмот за враќање на визите

Безвизниот режим засега останува за земјите од Западен Балкан, изјави за ДВ европратеничката Тања Фајон. ЕП и Европскиот совет се‘ уште не постигнале договор околу механизмот за привремена суспензија на безвизниот режим.

„Засега единствена можност за да се вратат визите е да се менува целото европско законодавство, со што ќе се вратат земјите на црната шенгенска листа. Тоа е долга процедура која трае повеќе од една година. Јас мислам дека до тоа нема никогаш да дојде, бидејќи тоа е сериозно политичко прашање.

Tanja Fajon, Mitglied des EU-Parlaments

Тања Фајон

Механизмот за суспензијата е привремена мерка. Ако дојде до враќање на визниот режим тоа би било големо враќање назад за сите“  вели словенечката европратеничка Тања Фајон за ДВ.

Според Фајон, во европските институции се‘ уште нема договор за промената на механизмите на Шенген зоната. „Донесувањето на механизмот за суспензија на безвизниот режи нема да биде брзо, бидејќи во декември пропаднаа преговорите меѓу Европскиот парламент и Европскиот совет“, рече таа за ДВ.

Претходно агенцијата Бета јави дека Одборот за граѓански слободи на Европскиот парламент во четврток (10.01) треба да го усвои механизмот со кој ЕУ привремено би можела да го врати визниот режим за некоја од земјите на Западен Балкан. На прашањето дали се заканува опасност визите да им бидат вратени на Србија и Македонија, извори во ЕК подвлекуваат дека единствено меродавно ќе биде откако во ЕУ ќе се утврди фактичката состојба, јави Бета.