1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Фајон: Дијалогот на високо ниво со позитивни резултати за Македонија

Известувачката на Европскиот парламент за визната либерализација Тања Фајон во колумна за „Европскиот едукативен центар“ ги истакнува позитивните ефекти од Дијалогот на високо ниво меѓу Македонија и ЕУ.

default

Државите од Западен Балкан во изминатиот период направија одлучни чекори на патот кон Европската унија, смета европратеничката Тања Фајон, која е и известувачка за визната либерализиција.

Таа посочува на примерот со Македонија. „Има многу позитивни движења во земјите опфатени со проширувањето во изминатите година дена. Освен оние што се однесуваат на Хрватска, Црна Гора и Србија, позитивни резултати се постигнати во Македонија, каде Дијалогот на високо ниво доведе до поостар фокус на реформите“, оцени Фајон во колумна за босанскиот портал „Европски едукативен центар“.

Фајон натаму во текстот констатира дека од сите земји во регионот само во
БиХ нема напредок, а земјата се’ уште не ни поднела апликација за членство во
ЕУ, за што, според неа, одговорност сносат политичарите. Граѓаните на БиХ
заслужуваат кредибилна политика, која државата ќе ја води на патот на реформите кон интеграција во ЕУ, оценува Фајон.

За БиХ 2012 беше изгубена година и сега е време да се направи чекор напред, чекор кој БиХ неповратно ќе ја однесе на европскиот пат, смета Фајон.