1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„Фајненшл тајмс“ ја огласува продажбата на ЕСМ

Владата ги објаснува аргументите зашто го продава ЕСМ, опозицијата и граѓаните се противат на продажбата.

default

Македонската влада преку „Фајненшл тајмс“ го бара новиот газда на најскапата компанија. Тендерот е објавен во денешниот број на овој угледен светски весник. На тендерот може да учествуваат само големи и богати компании, објаснува во изјавата за Дојче Веле министерот за економија Фатмир Бесими.

„Стратешкиот инвеститор треба да има минимум една милијарда актива, во последната финасиска година, и треба да има минимум 500 милиони евра капитал во последната финансиска година и најмалку 50 милиони профит во последните три финансиски години. За нашиот систем бараме јак, познат и успешен стратешки инвеститор, кој може да се справи во либерализирани услови и комерцијални принципи и кој е познат во меѓународниот електроенергетски пазар во регионот.“

Бесими не открива кои се компаниите кои пројавиле првичен интерес, но Дојче Веле неофицијално дознава дека освен веќе познатите, чешкото електростопанство „Чес“ и германски „ Еон“ се посериозен кандидат станувал и „Сименс“. Додека се чекаат конкретните понуди, парламентот ја подготвува законската база што треба да го легализира преземањето на ЕСМ од стратешкиот инвеститор. На денеска објавениот тендер му претходеа опозициското НЕ и граѓанските протести.

„Протестираме поради продажбата на ЕСМ, да не дојде до покачување на електричната енергија. Исто како и Македонски Телекомуникации.“

„Не треба да се продаде, како што сме го гарделе така треба да остане.“

Граѓаните се плашат дека новиот сопственик, без контрола од никого ќе ја одредува цената на струјата, а опозицијата бара да не се избрзува со продажбата. Владата не го послуша нивниот апел, ќе го продава ЕСМ, за компанијата да работела поефикасно.

„Во овој момент, во оваа фаза сакаме да се донесе успешен и стратешки инвеститор кој може да се справува во овие нови и пазарни законитости кои се поставуваат, и во Република Македонија како дел од регионалниот пазар, и компанија која ќе може успешно да функционира врз комерцијални базирани принципи. “

Предвидено е новиот сопственик да го преземе ЕСМ за неколку месеци. Продажбата на највредната македонска компанија проценета на неколку стотици милиони евра е постојана инспирација во македонската експертска јавност, која не престанува да дебатира што добива, а што губи Македонија со продажбата на ЕСМ.