1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Фатмир Бесими- нов министер за одбрана

Поделени се поголемиот дел од ресорите во новиот кабинет на старо-новиот премиер Никола Груевски. Според извори во ДУИ, Бесими ќе биде нов министер за одбрана, Адеми за животна средина, а Бејта за локална самоуправа

default

Познати имињата на министрите од ДУИ во новата македонска влада

Фатмир Бесими, министерското место за економија во македонската влада ќе го замени со ресорот одбрана, вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор Абдулаќим Адеми ќе биде нов министер за заштита на животната средина, а поранешниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта ќе биде министер за локална самоуправа во новиот кабинет на премиерот Никола Груевски. Ова го дознава Дојче Веле од извори во Демократската унија за интеграција.

Според договорот за составување на новата влада со ВМРО- ДПМНЕ, покрај овие министерства, ДУИ треба да добие и две вицепремиерски места за спроведување на Рамковниот договор како и за евроинтеграции, и ресорите за правда и економија. Се очекува до крајот на неделава мандатарот Никола Груевски до Собранието да го достави персоналниот состав на новиот владин кабинет и програмата за работа, откако вчера беше објавено дека тој и лидерот на ДУИ постигнале конечен договор.

Abdulakim Ademi

Абдулаќим Адеми

Се очекува поголемиот дел од актуелните министри на ВМРО-ДПМНЕ да ги задржат функциите или да ротираат во други министерства.

Македонските медиуми јавуваат и дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ во преговорите договориле поширока употреба на симболите на заедниците кои не се мнозинство. Па така знамињата на националностите ќе се истакнуваат за време на државни празници, во општините каде што етничката заедница е над 50 проценти, паралелно со државното знаме, кое според договорот треба да биде поголемо за една третина од знамето на националноста. За двете партии било неспорно дека државните функционери коишто се избрани од Собранието на РМ, во Собранието може да се обраќаат на нивниот мајчин јазик.

Автор: Костадин Делимитов/дв

Редактор: Борис Георгиевски