1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Фатвата врз Ружди- 25 години потоа

Минаа 25 години по иранската Фатва, но писателот Салман Ружди сѐ уште е омразен меѓу бројни муслимани, иако нападите врз него не се повеќе толку агресивни. Она што остана исто е предизвикот за слободата на изразување

На 14. февруари 1989. година, тогашниот ирански духовен водач Ајатолахот Хомеини издаде верски едикт во кој на британско-индискиот писател Салман Рушди му изрече Фатва (смртна казна), поради објавувањето на контроверзното дело Сатански стихови, за кое бројни муслимани сметаат дека е навреда за Исламот и понижување на пророкот Мухамед. Терминот „Сатански стихови“ се однесува на измените на Куранот во замислената приказна на Ружди и преголемата сличност на јунакот во тој роман со заштитниците на муслиманската вера. Во третото поглавје од делото, авторот пишува и за фанатичниот верски лидер кој живее во прогонство, што многумина го поврзуваат со живеењето на Хомеини во Париз.

Објавувањето на романот на Ружди предизвика бран насилство и доведе до забрана на книгата во муслиманскиот свет (во држави како Индија, Бангладеш, Пакистан, Индонезија...) Писателот беше принуден да живее под постојана полициска заштита.

Цивилизациска зрелост

Дали бесот на муслиманите поради книгата навистина беше неразумен? Дали писателите воопшто имаат право да навредуваат други, повикувајќи се притоа на слободата на изразувањето?

„Доколку се чувствувате навредени, тоа е ваш проблем“, рече Ружди на промоцијата на автобиографската книга во Берлин во 2012. година. „Да се биде навреден поради содржината на една книга е доста тешко. Бидејќи кога ќе ја затворите книгата, таа повеќе нема никаква моќ да ве навреди“, вели Ружди.

Двејн Рајан Менезес од Универзитетот во Кембриџ, експерт за историја на религиите, вели дека е тешко да се има разбирање за оние кои не го признаваат богатството и разноликоста на исламскиот свет. „Но, способноста да се толерира несогласувањето со другите и да се дозволи слободата на изразувањето говорат за силата и зрелоста на цивилизацијата. Мене ме збунува тоа што луѓето од една од најбогатите цивилизации на светот, не се меѓу водечките кои заговараат толеранција“, вели Менезес.

Нови провокации и тензии

На 7. март 1989 година, Велика Британија ги прекинува дипломатските односи со Иран. Минаа десет години откако страстите на линија Лондон- Техеран малку се смирија. Иранскиот лидер Мохамад Катами тогаш изјавува дека неговата земја „нема да пружа поддршка, но нема да биде ниту пречка за евентуалните обиди за атентат врз Ружди“. До септември 2012. делуваше како тензиите да спласнаа. А тогаш се појави нискобуџетниот американски филм „Невиноста на муслиманите“. Пакистан и Авганистан се зафатени од насилни протести. „Многу муслимани тој филм го доживеаја како ехо на Сатанските стихови“, смета Емрис Шумејкер, експерт за комуникации и истражувач на Лондонска висока школа за

Bildergalerie Iran erste 10 Jahre Islamische Republik

Ајатолахот Хомеини

економија. Поради тоа и не изненадува одлуката на иранската верска фондација „15 Кордад“ да ја зголеми паричната награда за главата на Ружди, од 2,1 на 2,5 милиони евра.

Ружди не е единствениот автор кој ги испровоцирал муслиманските верници. Во 1993. година, бангладешката писателка Таслима Насрин ги објави романите „Срам“, кои исто така предизвикаа без меѓу муслиманите во Индија и регионот. По истото сценарио, најпрво се организираат протести, потоа стигнуваат заканите со смрт, поради кои авторката мора да се крие. 12 години подоцна данскиот весник “Јуландс постен“ ги објавува сатиричните карикатури со ликот на пророкот Мухамед.

Експертите тврдат дека кон новите тензии значајно придонеле терористичките напади во САД, како и американската инвазија на Авганистан и Ирак. Муслиманскиот свет последните години е „повеќекратно радикализиран“. Заканите кои во минатото биле адресирани кон еден или двајца книжевници, како Ружди или Насрим, во меѓувреме се проширија на далеку поголем број автори и интелектуалци во светот.