1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Фатах на реформски курс

Палестинското движење Фатах на претседателот Махмуд Абас успеа да се реформира. Кадровско подмладување на потесното раководство беше веќе одамна неопходно.

default

Лидерот Абас беше реизбран со акламација

На крајот од еднонеделниот конгрес на Фатах во Витлеем, во новиот Централен комитет, двете илјади делегати избраа повеќе од две третини нови кадри. Тие го прифатија повикот на лидерот на движењето Махмуд Абас и во новиот состав на Централниот комитет избраа политичари како што е Марван Баргути, кој веќе со години седи во израелски затвор. Покрај него, во новиот состав се наоѓа и угледниот шеф на преговарачкиот тим на Палестинците, Саеб Ерекат, како и шефот на безбедносните служби на Фатах во појасот Газа, Мохамед Далан. Далан, инаку, се наоѓа на врвот на списокот внатре-палестински непријатели на конкурентското движење Хамас, бидејќи во екот на борбите за превласт во појасот Газа нареди брутален прогон на припадниците на ова радикално исламистичко движење, што се наоѓа на црната листа на САД. Далан е, меѓутоа, исто така еден од најблиските советници на претседателот на Палестинците, Махмуд Абас.

Внатрепалестински конфликт

Fatah Konferenz Mohammed Dahlan

Еден од новите лидери: Мохамед Далан

На членовите на Фатах, кои живеат во појасот Газа, не им беше дозволено да патуваат на конгресот во Витлеем поради забраната од Хамас, кој ја има контролата во Појасот. Тие затоа гласаа за одлуките на конгресот преку СМС-пораки или преку интернет. Но, и без нивното присуство внатрепартиски кругови на Фатах известуваат дека имало бурни расправии, па дури и физички пресметки меѓу делегатите на конгресот. Тоа не треба да чуди будејќи Фатах се наоѓаше на сериозен крстопат, од кој може дури и да му зависи натамошната судбина.

Борба за умерените Палестинци

Движењето на поранешниот неприкосновен лидер на Палестинците, Јасер Арафат, имено, загуби многу од угледот по неговата смрт во 2004 година. Две години подоцна, тоа беше видливо и преку поразот на изборите, на кои уверливо победи радикалното движење на Палестинците, Хамас. Под притисок на сериозно загрозениот рејтинг, Фатах успеа да спроведе далекусежни реформи, смета и внукот на Арафат, Насер ел Кидва. „Тоа ќе ја засили позицијата на повеќето умерени млади Палестинци. Тоа ќе се одрази сигурно и врз мировните преговори со Израелците, како и на односите со САД и Европа“, појаснува Ел Кидва, кој исто така беше избран за нов член на Централниот комитет.

Верба во нов почеток и сериозни реформски зафати во редовите на Фатах изразуваат и повеќето анкетирани Палестинци, вели најновата анкета што ја спроведе Блискоистичниот центар со седиште во Рамала.

Автор: Клеменс Ференкоте / Горан Чутаноски

Редактор: Александра Трајковска