1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Фатална грешка на правдата

Дали американската сојузна држава Џорџија ќе го прекрши американскиот устав, егзекутирајќи психички заостанат човек? Врховниот суд на САД во 2002. година забрани смртни казни за психички инвалиди.

Планираната егзекуција на еден 52-годишен Афроамериканец, кој со квота на интелигенција од 70 важи за душевно заостанат, предизвика огорчување во САД. Ворен Хил, кој во 1991. година е осуден поради убиство на друг затвореник, треба идната недела да биде усмртен преку давање инјекција со отров, иако според американскиот устав, ментално заостанатите луѓе не смеат да бидат егзекутирани. Џорџија е единствената сојузна американска држава која го признава психичкиот инвалидитет на некој обвинет само ако може да се докаже без никаков сомнеж. Суд во Џорџија одлучи дека кај Ворен Хил не може да биде исклучен целосен сомнеж во психичката заостанатост.

Осудениот Афроамериканец Ворен Хил веќе помина половина од својот живот во затвор. Хил во 1986. година на возраст од 26 години беше осуден на доживотен затвор поради убиство на својата пријателка. Во 1991. година стигна во смртната келија откако уби друг затвореник кој спиел.