1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Фасцинацијата од „его-шутер“ компјутерски игри

Поттикнати од компјутерски вирус двајца млади луѓе ја создадоа најпознатата компјутерска игра „крајсис ворхед“. Во програмирањето на копмпјутерска играта во 3Д техника тие се меѓу најдобрите во светот.

default

„Kрајсис 2"-играчот треба со оружје да го елиминира противникот

Во светот годишно се продаваат милиони примероци од т.н. его-шутер компјутерски игри. Зборот его-шутер во превод значи јас-стрелец. Во овие компјутерски игри играчот треба со оружје да го елиминира противникот. Творците на многу успешната компјутерска игра наречена „крајсис ворхед“ се двајца браќа по потекло од Турција, Авни и Фарук Јерли. Во нивната фирма во Франкфурт тие имаат 300 вработени, а претпријатието е едно од водечките во бизнисот со его-шутер игрите во целиот свет. Нивното патување по виртуелниот свет на игрите почна кон крајот на 90-те години, кога компјутерот дома бил нападнат од вирус: „Се разбира дека не’ интересираше техниката. Родителите ни купија компјутер под изговор дека ќе го користиме за училиште, но ние претежно игравме игрици на него“ - раскажува Авни.

Во 2001 година фирмата „Убисофт“ од Париз склучи договор со двајцата браќа од Кобург. Во 2006 тие на пазарот ја

screenshot einer Szene des Spiels Crysis

3Д техниката овозможува реалситични слики

претставија веќе втората компјутерска игра. Во меѓувреме игрите на браќата Јерли се продаваат во милиони примероци ширум светот, а што се однесува до програмирањето во 3Д техниката тие се наоѓаат меѓу најдобрите во светот. Нивниот производ изгледа многу реално. Палми што се веат на ветер, брз глисер што минува во позадината или хеликоптер што слетува - сликите оставаат многу реалистичен впечаток, тие се мазни и без дигитални сецкања: „Мора да има конзистенција. Сликата, анимациите, гетстиката, мимиките - се’ мора да одговара на сцената.“

Вештачката интелигенција е од големо значење во компјутерската бранша

Но, тоа не е единствениот проблем. Компјутерот покрај тоа мора соодветно да реагира на движењата и командите на играчите. Доколку, играчот преку курсерот го сврти вниманието на десно, компјутерот мора веднаш да му претстави соодветна околина со луѓе, автомобили и итн. За ова на секоја фигура треба да и’ се одредат соодветни параметри: „Постојат различни параметри, кои му се даваат

Doom 3

Има големи критики за копмјутерската игра. Насилството влијае лошо врз младите

на некој противник, како на пример, диоптрија за видот или неговата способност за слушање. Според тие параметри вештачката интелигенција на компјутерот реагира на тебе односно на играчот.“

Во овие игри компјутерот неверојатно брзо го симулира однесувањето на противникот, на пример дали тој го гледа или слуша играчот. Компјутерот со помош на претходно програмирање се обидува да се однесува исто како човек. Тоа во компјутерската бранша се нарекува „вештачка интелигенција“. Оваа техника не игра важна улога само во его-шутер игрите, туку и во архитектурата, воздухопловството, па дури и во учењето преку интернет - компјутерот е тој што може да симулира ситуации што се случуваат веднаш, а не одложно.

Не за сечиј вкус !

Фирми како германскиот Телеком или пак европскиот авио-концерн ЕАДС веќе покажаа интерес и сакаат да соработуваат со фирмата на двајцата браќа за да можат да ја користат нивната компјутерска техника. Виртуелниот свет на его-шутер игрите е можеби навистина фасцинантен, но сепак тие не се за сечиј вкус. Психолозите често критикуваат дека ваквите компјутерски игри имаат негативно влијание врз младите.

Автор: Петер Клаибер/ Бисера Огњановска Митров

Редактор: Александра Трајковска