1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Фасадни бои кои произведуваат струја

Британските инженери се на добар пат да откријат нов извор на енергија и тоа преку користење бои од графит и сребро. Фасадните бои нема само да произведуваат струја, туку и ќе складираат енергија.

default

Она што излегува од печатачот на британската компанија не се само обични црни линии. Се работи за струјни кола испечатени со специјално мастило. Во сопствена лабораторија инженерите изработуваат бои кои пренесуваат енергија, најчесто од графит или сребро. Во тоа лежи голем потенцијал.

„Можеме да произведуваме материјали кои би изгледале како бела боја. Со хемиски експеримент овозможуваме тој материјал да апсорбира светлина, а потоа и да генерира струја од таа светлина“, вели инженерот во компанијата Спесифик, Ајфион Џуел.

Бојата не само што апсорбира струја, туку може и да штеди енергија. Инженерите се’ уште ги тестираат боите во специјални печки. Но, ако се прашува раководителот на проектот, фасадите на фирмите и становите ширум Британија наскоро треба да почнат да произведуваат енергија со нивна помош.

Гледај видео 01:24

Погледнете го видеото

„Нашата прва цел е да креираме нова индустрија која ќе вреди милијарди фунти. Таа би требало да отвори меѓу 5 и 10 илјади работни места во синџирот на поддршка. Што се однесува до енергијата, ние ќе се обидеме да генерираме околу една третина од обновливата енергија во Велика Британија до 2020 година“, објаснува менаџерот на Спесифик, Кевин Бајгејт.

До крајот на годинава фирмата ќе се обиде да ги реализира амбициозните планови. Тогаш на пазарот треба да се појават првите фасади кои ќе произведуваат струја.

Аудио и видео прилози на оваа тема