1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

„Фантомскиот меч“ нема да се преигра

Германскиот спортски суд денеска (28.10) одлучи дека нема да се преигрува бундеслигашкиот меч меѓу Хофенхајм и Леверкузен, и покрај тоа што неговиот исход беше одлучен со непостоечки гол.

Победата на Бајер Леверкузен над Хофенхајм од 2:1 ќе важи, а мечот нема да се преигра, и покрај жалбата на поразениот. Вака денеска одлучи спортскиот суд на Германската фудбалска федерација. Контроверзниот меч предизвика многу полемики во германската јавност и го привлече вниманието низ целиот свет. Напаѓачот на Бајер, Штефан Кислинг, во 70. минута од мечот упати удар кон противничкиот гол, топката удри во надворешниот дел од мрежата, и низ дупка мина во внатрешноста. Судијата Феликс Брих, по консултација со помошникот, го призна погодокот. Таквата одлука предизвика лавина реакции. Освен судијата, кој беше остро критикуван, на удар на јавноста се најде и Кислинг, кој не реагираше на признавањето на погодокот, и покрај тоа што во првичната реакција по упатениот удар и тој самиот реагираше како да промашил.

„Одлуката е можеби неодржлива од спортски аспект, но таа е согласно правилата и законите“, оцени судијата Ханс Лоренц. Со други зборови, судот оцени дека судијата на мечот не ги прекршил правилата, бидејќи и самиот бил убеден дека бил постигнат погодок.

По скандалот се‘ погласни се повиците до фудбалската федерација да воведе гол-технологија во Бундеслигата, со што во иднина ќе се избегнат вакви ситуации.

Хофенхајм има право на жалба на одлуката.