1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Фантомскиот гол - случај за ФИФА?

Фантомскиот гол на Штефан Кислинг, со кој Бајер Леверкузен го победи Хофенхајм, може да предизвика правен преседан. Спортскиот суд на Германскиот фудбалски сојуз при пресудата сака да се раководи според ФИФА.

Цела фудбалска Германија дискутира околу дупка во мрежата: скандалозниот натпревар со фантомскиот гол на Штефан Кислинг е дури случај за Светскиот фудбалски сојуз, ФИФА, а со него има уште многу работа и Германскиот фудбалски сојуз. Додека Хофенхајм по вложениот приговор против куризоната победа на Бајер Леверкузен од 2:1 притиска за повторно одигрување на натпреварот, спортскиот директор на Бајер, Руди Фелер е за опцијата - повторно одигрување на последните 22 минути од играта. Случајот на викендов предизвика дебата за параграфите и видео-доказите. Случајот ќе го решава Спортскиот суд, веројатно по две недели, зашто во Фудбалскиот сојуз на Германија в четврток и в петок (24 и 25 октомври) се врши персонална смена во спортските тела. Бајер ќе прифати секаква одлука, но моето чувство за правичност претпочита повторно одигрување на последните 22 минути“, изјави Фелер денеска (20.10) за „Билд ам зонтаг“.

Тој тоа го предложил во телефонски разговор со Волфганг Нирсбах, претседател на Германскиот фудбалски сојуз, иако со статутот такво нешто не е предвидено.

Тренерот на Хофенхајм Маркус Гисдол пак апелира на фер однесување, зашто никој не сака вакви голови. Тој се повикува на случајот со Томас Хелмер, националниот играч во 1994. година, кој при резултат од 2:1 за ФЦ Бајерн против ФЦ Нирнберг исто така даде фантомски гол. Натпреварот беше повторен, на крајот Бајерн победи со 5:0 и стана првак. По оваа одлука на Спортскиот суд на Греманскиот фудбалски сојуз тогаш имаше кавга со ФИФА. Германскиот фудбалски сојуз во соопштение до медиумите вчера побара изјаснување од ФИФА. Рефлексното барање за повторување на натпреварот е логично, но познато е колку ФИФА ги штити одлуките на судиите на натпреварот, а во овој случај судијата Феликс Брих го призна голот, укажува Рајнер Кох, надлежниот заменик-претседател на Греманскиот фудбалски сојуз за правни прашања.