1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Фалсификаторите и еврото

Актуелните банкноти на еврото се заменуваат со нови. Европската централна банка сака новите да бидат посигурни и потешки за фалсификување. Но, ниту фалсификаторите не седат со скрстени раце.

Во цела Европа во оптек има фалсификувани банкноти. Се користат секој ден, но не само од криминалците, туку и од невините граѓани за обични трансакции во продавниците и хотелите. Германската сојузна криминалистичка полиција БКА објави дека вкупната вредност на фалсификувани пари кои полицијата ги запленила во 2011. година изнесува околу 6,5 милиони евра.

Но, ова е занемарливо мала сума во споредба со вкупната сума во оптек, вели Хелму Шефер од пораинската канцеларија за криминал на покраината Баварија: „Економската штета со сигурност може да се занемари“, вели тој.

Заменикот шеф на Одделението за сузбивање на фалсификувањето пари во минхенската полиција вели дека неговите колеги не се чувари на стабилноста на валутата, туку дека нивна должност е да обезбедат „сигурност и лесен тек на трансакциите“. Тие ги бркаат фалсификаторите за граѓаните да бидат сигурни дека во своите раце имааат секогаш „вистински“ пари кои имаат вистинска противредност.

Mario Draghi Unterschrift neuer 5-Euro-Schein

Марио Драги и новата банкнота од пет евра

Нова генерација

Директорот на Европската централна банка Марио Драги во вторникот (08.01.2013) ја претстави новата банкнота со апоен од пет евра. „Евроот е највидливиот симбол на европското единство“, истакна Драги.

Причина за тоа што ЕЦБ печати нови банкноти не е поради инфлацијата предизвикана од печатењето фалсификувани банкноти. Шефер објаснува дека ЕЦБ развила нова генерација банкноти „кои треба да им го отежнат животот на фалсификаторите колку што е можно повеќе“. Ним им треба одредено време додека детално да ги испитаат новите банкноти за да ги фалсификуваат. Обично првите примероци лесно се препознаваат. Ставот на ЕЦБ е дека новиот циклус банкноти треба да се воведе во момент кога фалсификаторите доволно се усовршиле и кога се во можност да направат „вистинска банкнота“. Кога тоа ќе се случи, постојните пари детално се прегледуваат и менуваат.

Gefälschter 600 Euro-Schein

Потребно е внимание, банкнота од 600 евра не постои

Слабата точка на еврото

Ханс Јирген Кул, уметник од Келн, е осуден на шест години затвор поради фалсификување пари. Тој веќе не печати кеш, но е критички расположен кон актуелните банкноти на еврото. На пример, предната страна на еврото:

„Таа е малку испакната, но само малку, едвај дека го чувствувате тоа. Тоа не претставува голем проблем за фалсификаторите кои ја знаат својата работа“, вели тој за Дојче веле.

Кул стекна репутација правејќи лажни американски долари, за кои се смета дека се најдобро направени фалсификати. По прегледувањето на фалсификатите од источна Европа, кои ги смета за пристојни, Кул заклучува-фалсификаторите секогаш грешат на истите карактеристики - водениот жиг и холограмот.

Кул смета дека фалсификаторството е професија која нема скоро да исчезне, не затоа што централната банка може да произведе совршена банкнота, туку заради нашето невнимание.

Многу луѓе не се трудат да го избројат својот кусур во супермаркет. Зафатените работници на касата често исто така не ги проверуваат парите кои им ги даваат купувачите.

„На фалсификаторите им е олеснета работата со невниманието на луѓето. Се‘ додека луѓето прифаќаат банкнота од 75 евра, која всушност не постои, фалсификаторите ќе бидат во можност да прават што сакаат“, вели Кул.