1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Фалсификаторите имаат мерак на еврото

Бројот на запленетите лажни банкноти - евра во текот на 2009 година продолжува да се зголемува и годинава. 98% од запленетите банкноти се во земјите од еврозоната.

default

Најмногу се фалсификува во земјите на еврозоната

Шпанската полиција во август минатата година успеа да заплени рекордни 9 милиони лажни евра. Ова беше најголемата сума на запленети фалсификувани банкноти од 500 евра во Европа. Откако е пуштена во оптек европската валута во јануари 2002, нејзината вредност на пазарот на фалсификаторите е најголема. Во првата половина на 2009 година во Европската унија беа запленети 17% повеќе лажни банкноти на евра во споредба со претходната година. Трендот продолжи и во втората половина на минатата година, кога беа запленети 447 000 лажни банкноти, што претставува 8% повеќе во споредба со првото шестомесечие.

Одговорните за борбата против фалсификуваните евра, како Софи Томас-Рубин од „Банк де Франс“, исто како и нејзините колеги од Европската централна банка, ги релативизираат бројките: „Потребно е да се споредат овие, околу 400 000 лажни банкноти повлечени од оптек со над 12 милијарди оригинални евро банкноти кои се во оптек. Пропорцијата на лажни со вистински банкноти е крајно мала и ризикот да наидеме на лажни евра останува крајно мал.“

Властите предупредуваат од фалсификати

Trinkgeld

Се намалува фалсификувањето на ситните монети

Од банките предупредуваат дека ако се внимава, лажните банкноти можат лесно да се препознаат, бидејќи нејзините заштитни знаци, фалсификаторите не успеале да ги копираат успешно. Иако, еврото е тешко за фалсификување, сепак бројот на фалсификатите и фалсификаторите се зголемува. Таа е втората најфалсификувана монета во светот, веднаш зад американскиот долар. Најголемиот број (98%) од лажните банкноти на еврото се пронајдени во шеснаесетте земји од еврозоната, околу 1% во другите земји на ЕУ и другите во остатокот на светот. Најчесто се фалсификувани банкнотите од 20 евра, кои претставуваат скоро половината од запленетите лажни евра, потоа следуваат банкнотите од 50 евра, кои се околу една третина, додека банкнотите од 500 евра претставуваат само 0,5% од фалсификуваните евра. Во јули италијанската полиција на југот од земјата откри тајна печатница за банкноти од 50 евра и од оптек беа повлечени лажни банкноти во вредност од околу 7 милиони евра. Во Франција, Полска и Бугарија се запленети значајни количини на лажни банкноти и притоа се уапсени и фалсификатори:„Главната еволуција беше појавата на дигиталната технологија во деведесетите години, кога она што беше невозможно да се направи од било кој, сега е достапно за сите со микроинформатиката. На еден начин фалсификувањето на парите се демократизира и стана достапно за секој. Во тоа е и тешкотијата на нашата борба.“- објаснува Жан-Луи Перие од бирото за борба против фалсификувани пари на француската полиција. Времето на фотогравурите е минато, повеќе нема „мајстори-фалсификатори“. Сега се користи индустриска и дигитална техника, вели тој.

Најизложени на лажните евра се трговците

500 Euro Schein, Euro

Вистинска или лажна?

За трговците се организира обука од централната банка со цел да им се дозволи да ги препознаат лажните евра. Жустин Паскал, покрај тоа што е експерт за бижутерија, се претвори и во експерт за фалсификувани евра, таа вистинските од лажните евра ги препознава по допирот: „Тоа дозволува да се слушне специфичниот шум на банкнотата, која е изработена од чист памук. Потоа го проверувам безбедносниот конец на кој е испишана вредноста на банкнотата“. Други елементи се холографската маркичка, релјефното мастило, водениот жиг, вкупно осум сигурносни знаци кои дозволуваат да се препознаат вистинските евра.

За тие што ги немаат овие познавања постојат машини, како таа што ја избработува „Сканеуро“, способна за дел од секундата да препознае фалсификувана банкнота. Принципот е едноставен, машината го открива сигурносниот конец во банкнотата кој се наоѓа во нејзината средина, еден од најсигурните критериуми кој фалсификаторите не успеале да го фалсификуваат: „Конецот е ставен директно внатре во хартијата на банкнотата, фалсификаторот тоа не може да го направи бидејќи ќе го чини многу скапо. Тој сака да произведе најефтино можна лажна банкнота.“ – објаснува Вансан Бардини комерцијалниот директор на „Сканеуро“.

Не се откриени лажни банкноти со сигурносен конец

Devisen Euro Dollar Währung Wechselkurs

По американскиот долар, еврото е на второ место по фалсификување во светот

Обично ако тој се гледа на нив, станува збор најчесто за имитација од мастило, која машните без проблем ја откриваат. Но не се фалсификуваат само банкнотите, исто така се наоѓаат и метални фалсификувани евра. Но, втора година по ред е намален бројот на повлечените од оптек на лажни метални евра, ланската година беа повлечени 172 100 фалсификувани метални монети, што претставува за 12% помалку во споредба со 2008. Најчесто фалсификаторите ги фалсификуваат монетите од 2 евра, скоро 75% од сите запленети лажни монети, што сепак е незначителна количина во споредба со 15 милијарди на метални парички во апоени од 2 и 1 евро и 50 центи. Потребно е да се знае дека кога некој во сопственост има лажна банкнота е должен истата да ја однесе в банка, за што нема да добие никаков надоместок.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Жана Ацеска