1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Факултетот - отскочна штица за странците во Германија

На многумина странци им е тешко да најдат работа во Германија. Поинаку е за оние кои тука студирале, со германска диплома тие имаат добри шанси на пазарот на труд, велат експертите.

Студирање во Германија за странците е клучот за успех на пазарот на труд. Тоа е резултатот од новата студија, која деновиве во Берлин ја претстави Институтот на германската економија од Келн. Оној кој како странец студирал овде, има посебно големи шанси да најде добро платена работа во Германија. Зашто, т.н. образовни странци според студијата на Институтот, близок до работодавачите, располагаат со посебно барани квалификации.

„Доселениците дојдени преку факултетите располагаат со висок степен на квалификации кои имаат добра конјуктура“, истакнува Видо Гајс, еден од авторите на студијата. Истражувачот тука ги вбројува првенствено квалификациите од областа на инженерството, математиката и природните науки, по кои има голема и итна побарувачка од средноголемите и индустриски претпријатија.

Недостигот стручна сила иницира доселување на квалификувани работници

Странците кои овде ќе завршат факултет можат да бидат дел од решението на проблемот на недостиг од стручна сила, кој се‘ повеќе ќе се заострува, вели Ханс-Петер Клес, раководител на Одделот за образовна политика во Институтот за германското стопанство од Келн.

„Во идните години ќе недостигаат годишно околу 640 илјади стручно квалификувани и околу 150 илјади академски образовани луѓе, само за бројот на вработените во Германија да остане константен“.

Работниот век ќе го завршат генерации кои имаат висока бројност, а во работа се вклучуваат генерации кои се карактеризираат со се‘ помал број, што уште повеќе ќе го заостри недостигот од стручна сила, прогнозира Клес.

Добрата порака е: „Германските факултети се атрактивни за странските студенти“, истакнува Ханс-Петер Клес. Според наводите на Организацијата за економска соработка и развој, ОЕЦД, Германија, покрај САД и Велика Британија, спаѓа во првите 3 топ-адреси за странските студенти во светски рамки.

„Студентите од странство доаѓаат за да останат овде“, вели Ханс-Петер Клес. 80 проценти од студентите кои студирале овде, се подготвени да останат и да работат во Германија. Тоа е значително повисока поврзаност отколку во Франција, Холандија или Велика Британија. Околу една третина од овие „образовни странци“, како што ги нарекува Институтот од Келн, имаат намера, според студијата, да останат три или повеќе години.

Студијата докажа: речиси половината од оние кои во Германија дошле по патот на студирање, остануваат во земјата. Така примањето на странски студенти е атрактивно и за покраините, кои во Германија го носат главниот товар за финансирањето на образованието.

Да се рекламира германското образование низ работа

Но, дали ќе се отварат оптимистичките прогнози на Келнскиот Институт за германска економија, зависи во голем степен од тоа дали на образовната политика во Германија ќе и‘ успее да ги отстрани пречките на патот. Во групата студенти-странци се‘ уште е голема квотата на оние кои го прекинуваат студирањето. Како главна причина за неуспехот на многгу студентски кариери во Германија научниците се‘ уште ги гледаат недоволните познавања на германскиот јазик. Освен тоа, многумина стојат пред проблемот - по крајот на студиите истекува нивната дозвола за престој во земјата. Постои нужност од акција и кај доселувањето во германскиот систем на образование низ работа. Владата во последните две години направи поголеми напори да донесе млади од европските кризни држави како Грција, Шпанија и Португалија во германскиот дуален образовен систем. Можеби за странците овдешните бирократски пречки се се‘уште превисоки, па ги одвраќат, вели Ханс-Петер Клес, што има огромни последици.

„Недостигот, тесните грла за стручна работна сила се покажуваат се‘ повеќе и повеќе“, вели Ахим Дерк, заменик раководител во Германската индустриска и трговска комора за весникот „Велт ам зонтаг“.

„Четири од десет фирми кои имаат проблеми да ги пополнат работните места, имаат проблеми да најдат млади луѓе кои ќе се квалификуваат низ работа“. Експертите од Институтот за економија во Келн бараат политиката побрзо да се погрижи за тоа младите доселеници полесно да дојдат до неопходните работни дозволи за да собираат работно искуство преку пракса и работни договори.