1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Факторот пакистанска армија

Меѓу армијата и политиката во Пакистан постои посебен однос. Мнозинството држави држат армија, но во Пакистан армијата ја држи државата, гласи еден познат слоган во земјата.

default

Пакистанската армија е значаен фактор во земјата

Беше крајот на ноември. Генерал Первез Мушараф ја предаде должноста шеф на армијата, ја смени униформата со цивилен костум и потоа свечено беше прогласен за претседател на Пакистан. За неговите приврзеници тоа беше нов чекор во насока на демократијата. За критичарите токму спротивното: за нив тоа значеше дека Мушараф дополнително си ја обезбеди власта, дека бесправноста ја лигитимира како правност.

Меѓутоа, толку едноставно нема да биде за Мушараф, вели воениот експерт Хасан Аскари Ризви:

„Неговата позиција е ослабена. Во кризни времиња во иднина ќе мора да се договара со шефот на армијата„.

Значи, со генерал Ашфак Кајани, кој додуша е близок соработник на Мушараф. Тој е голем професионалец, вели Ризви, војник кој досега не се занимаваше со политика, а тоа е добар знак, бидејќи пакистанската армија не е било која. Има 1,4 милиони луѓе и голта 20 проценти од државниот буџет. Ризви објаснува:

„Не очекуваме во иднина армијата и натаму да остане на власт. Во последно време често беше критикувана што предизвикуваше незадоволство кај неа. Затоа веруваме дека армијата ќе ги посматра настаните од страна. Но, ако ситуацијата ескалира, тогаш таа ќе побара од Мушараф да ги стави работите во ред или дури да му побара оставка„.

Ова последново би било најдобро, убеден е Шафкат Махмуд. Порано беше политичар, сега води таканаречен цивилно-аримиски дијалог. Доволно за да знае што мислат генералите и луѓето во Пакистан:

„Ако не се повлече, тогаш на Мушараф ќе му биде потребна армијата, а таа така се повеќе ќе се вовлекува во политиката. Тоа воопшто не е добро. Мислам дека е време армијата со сите сили да се бори против терористите и да не се меша во политиката„.

Барем не директно, вели Махмуд. Меѓутоа, армијата сепак има многу интереси:

„Таа е многу незадоволна кога цивилите во владата почнуваат да се мешаат во нејзините внатрешни работи. Кон тоа и економските интереси, односно она што тие го нарекуваат проекти за благосостојба. На пример, делењето земјиште на офицерите, или многуте индустриски фирми, односно целата империја фирми со која располагаат. Не верувам дека генералите би биле среќни ако некој почне тоа да им го одзема, односно да го приватизира„.

Армијата е веројатно најголемата фирма во Пакистан, но тоа е само една од причините поради најновите критики врз неа. Другата е таканаречаната битка против тероризмот, вели Хасан Аскари Ризви. И покрај ветувањата, армијата таа битка ја води со пола душа. На пример во долината Сват. Во племенските подрачја кон авганистанската граница и во Белуџистан, армијата војува против терроистите и отцепените и страда: многу војници гинат во борба или во бомбашки напади. За тоа вината лежи и кај поранешните аримски моќници, смета Ризви. Борбата против исламистите почна доцна. Тие веќе беа етаблирани во Пакистан и од него направија нетолерантна држава. Хасан Ризви токму од тоа најмногу страхува:

„Нетолерантно општество не е нормално општество. Пакистан мора да го открие милјето во кое ќе биде прифатен плурализмот, а тоа ги подразбира како социјалните и културните, така и политичките и религиозните вредности. Тоа во Пакистан го загубивме и ако полека не го обновиме, тогаш сегашната криза ќе потрае, без оглед дали ќе одржиме избори или не„.