1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Фазлиу победник на изборите во Сарај

Кандидатот на ДПА за градоначалник на Сарај,Беким Фазлиу според првичните резултати од ДИК со освоени 8 568 гласови од вкупно излезени 14 527 гласачи е победник на вчерашните дополнителни избори во оваа скопска општина.

Зурли и тапани,рафали од оружје,албански знамиња.Вака синоќа неколку илјади приврзеници на владеачката ДПА ја прославуваа победата на Беким Фазлиу за нов градоначалник на Сарај и наследник на Имер Селмани,кој од оваа функција беше избран за вицепремиер.

-Сарај да го направиме поубаво место за живеење,со уредена инфраструктура,Сарај,каде ќе имаме високообразовни институции и Сарај како општина каде ќе имаме локален економски развој,вели Фазлиу,нов градоначалник на Сарај,општина со доминантно албанско население.Предвремените локални избори завршија релативно мирно,со голем број полицајци и меѓународни посматрачи од кои најагилни беа ЕУ амбасадорот Ерван Фуере и мониторинг екипите на Германската амбасада како претседавач со Унијата.

Изборите во скопската општина беа тест за демократската зрелост,но и за веќе традиционалниот ривалитет меѓу ДПА во коалиција со владеачките сили со Никола Груевски и ДУИ,која е опозициона парламентарна партија.Од двата табори синоќа различни оценки за текот на гласањето:

-Беа ангажирани многу организации,меѓународната заедница за нас,ние сме многу среќни што изборите беа без инциденти,фер и коректни,нормално,малку сме среќни што победивме,затоа што ова е еден од аргументите дека сепак може да се победи демократски,реагираше Мендух Тачи,потпретседател на ДПА во Сарај.

Опозиционата ДУИ со друга оценка,Сарај беше заложник на криминалните структури,кои ја контролираат општината,рече Ермира Мехмети:

-Се додека криминалните банди кои што ја контролираат општината не се тргнат оттаму,изборниот процес нема и не може да биде слободен.Иако предвремените избори во Сарај беа локални,тие беа тест за способноста на Македонија да ги организира регуларно и без насилства.