1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Фаворитите убедливи во Купот

Германската фудбалска елита викендов го имаше последниот тест пред почетокот на натпреварите во Бундеслигата. Натпреварите од германскиот куп традиционално носат по некое изненадување. Фаворитите, сепак, беа убедливи.

default

Фудбалерите на Келн без проблеми се пласираа во второто коло

Четвртолигашот Кемницер го направи најголемото изненадување, откако го елиминираше бундеслигашот Сент Паули со победата од 1:0. Уште еден четвртолигаш, екипата на Елверсберг си обезбеди пласман во втората рунда откако на пенали го елиминираше прволигашот Хановер.

„Кога ќе се види нашето денешно издание работите секако изгледаат многу црни. Но, цело време говорам дека нашата цел е борбата за опстанок. Во моментов, ситуацијата е тешка и имавме многу тежок почеток на сезоната“, оцени по мечот тренерот на Хановер, Мирко Сломка.

Во останатите дуели, фаворитите имаа релативно лесна задача. Бајер Леверкузен ја забележа најубедливата победа од 11:1 против аматерите од Пирмасенс. Вердер, Хамбургер и Франкфурт исто така однесоа убедливи победи од по четири голови разлика.

Од оние што не се прославија, но обезбедија пласман, треба да се спомене екипата на Волфсбург која се извлече во дуелот со аматерите на Пројсен Минстер со погодок на две минути пред крајот на мечот. Мечот го одбележа босанскиот репрезентативец Един Џеко, кој асистираше при двата погодока за својот тим, а им помогна и на противниците со автогол.

DFB-Pokal Pirmasens Leverkusen

Бајер Леверкузен ги „прегази“ аматерите од Пирмасенс со 11:1

„Сакавме да минеме понатаму. Не беше многу едноставно, затоа што Минстер играше многу добро. Но, на крајот победивме, и тоа е најважно“, рече Џеко.

Екипата на Келн, која е позната по традиционалните киксови против екипите од понизок ранг, овојпат успеа да не се посрамоти на гостувањето кај Мојзелвиц и победи со 2:0.

„Го постигнавме посакуваното. Се пласиравме во второто коло и мислам дека нашата победа беше заслужена“, задоволен беше тренерот Звонимир Солдо.

Првото коло вечерва ќе го заокружат фаворитите Бајерн Минхен и Шалке кои гостуваат кај аматерски тимови.

Автор: БГ/ТТ/дв

Редактор: Жана Ацеска