1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Фаворитите убедливи во Европа лигата

Германските Шалке и Хановер без пораз во првата рунда од нокаут фазата на Лигата на Европа.

default

Момент од дуелот Хановер-Бриж

Екипите на Манчестер Јунајтед, Металист и Атлетико Мадрид веќе можат да размислуваат за осмина финалето во Лига Европа, откако по првите натпревари од 1/16 финалната фаза, како гости, убедливо ги совладаа своите опоненти.

Јунајтед забележа победа од 2:0, во Амстердам, против Ајакс, Металист го прегази Салцбург, додека Атлетико Мадрид, со пресврт, во Рим го победи Лацио. Покрај овие тимови кои беа убедливи, со победи од гостувањата кои во голема мерка им гарантираат пласман во следната рунда забележаа: Манчестер Сити, ПСВ Ајндховен, Твенте и Валенсија.

Комплетни резултати:

Локомотив Москва-Атлетик Билбао 2:1

Ајакс-Манчестер Јунајтед 0:2

АЗ Алкмар-Андерлехт 1:0

Лацио-Атлетико Мадрид 1:3

Легија Варшава-Спортинг Лисабон 2:2

Салцбург-Металист 0:4

Викторија Плзен-Шалке 1:1

Порто-Манчестер Сити 1:2

Хановер-Бриж 2:1

Стеауа-Твенте 0:1

Стоук-Валенсија 0:1

Трабзон-ПСВ Ајндховен 1:2

Удинезе-ПАОК 0:0

Висла Краков-Стандард Лиеж 1:2

Во вторникот се одиграа две средби, Рубин загуби со 0:1 од Олимпијакос, додека Бешикташ во Брага го порази домаќинот со 2:0. Возвратните натпревари ќе се одиграат следната недела.

Автор: БГ/ СН/ макфакс

Редактор. Александра Трајковска