1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Фаворитите си го оправдаа статусот

Фаворитите на фудбалскиот Куп на конфедерации се пласираа во полуфиналето. Светскиот и европски првак Шпанија и првакот на Јужна Америка - Уругвај во полуфиналето ќе играат против Бразил и Италија.

Репрезентациите на Шпанија и Уругвај со убедливи победи го заверија пласманот во полуфиналето на фудбалскиот Куп на конфедерации кој се одржува во Бразил. Актуелните континентални шампиони на Европа и на Јужна Америка, вчеравечер (23.06) во натпреварите од последното 3.коло од група Б остварија победи во дуелите со Нигерија и Тахити.

Шпанците со головите на Жорди Алба во 3 и 88.минута и Фернандо Торес во 62.минута ја совладаа Нигерија со 3:0, за третата победа во групата и освојување на првото место. Уругвај ја наполни мрежата на селекцијата на Тахити совладувајки ја со 8:0. Ернандез беше стрелец на четири гола (2, 24, 45 и 67 пенал), а во листата на стрелците се запишаа и Перез (27), Лодеиро (61) и двапати Суарез (82 и 90).

Со тоа комплетирани се и полуфиналните двојки, па в среда (26 јуни), ќе играат домаќинот Бразил и Уругвај, а ден подоцна (27 јуни) во реприза на финалето од Европското првенство ќе играат европскиот и светски првак Шпанија и селекцијата на Италија. На 30 јуни ќе се играат натпреварите за трето место и големото финале.