1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Фаворитите сигурни во Бундеслигата

22-то коло во Бундеслигата повторно ја отвори трката за титулата и ја заостри битката за опстанок. Нов кикс на водечката Борусија, овојпат искористен од ривалите. На дното, битката за опстанок се води меѓу 8 тимови.

default

Михаел Фронцек- прва тренерска жртва во пролетниот дел од сезоната

Михаел Фронцек повеќе не е тренер на Борусија Менхенгладбах. 24 часа по тешкиот пораз од 3:1 на гостувањето кај директниот конкурент во битката за опстанок Сенкт Паули, раководството на клубот одлучи да го отпушти тренерот кој го менаџираше тимот од јули 2009-та. Лусијан Фавр, поранешен тренер на берлинска Херта, попладнево беше именуван за наследник на Фронцек. Менхенгладбах е последна на табелата со 7 бода заостанување зад местото кое обезбедува опстанок.

Само три бода повеќе од Борусија (М) има Штутгарт, кој во саботата забележа тежок пораз од 1:4 пред домашните навивачи од Нирнберг.

Во изминатото коло најмногу профитираше Келн, откако по убедливата победа од 4:2 против Мајнц, се искачи на 13-то место. Лукас Подолски и Миливоје Новаковиќ по двапати погодија во триумфот, додека во дефанзивата најдобар беше Мартин Ланих.

„Мислам дека победата од 3:2 над Бајерн ни даде голема самодоверба. Денеска ја пренесовме таа самодоверба и мислам дека го одигравме најдобриот меч сезонава“, изјави Ланих.

Келн уште еднаш одличен

Под Келн, на табелата, сега е и тимот на Волфсбург, кој и по промената на тренерот бележи слаби резултати. Во саботата бодовите од Волфсбург ги однесе Хамбургер со минимална победа од 1:0. Новиот тренер Пјер Литбарски сепак виде и позитивни аспекти во поразот.

„Во второто полувреме тимот одигра на границата на своите физички можности. Морам да кажам дека воопшто не сум разочаран. Се разбира дека ни беа потребни бодовите, но однесувањето на тимот и соработката меѓу играчите беа на високо ниво“, изјави Литбарски, кому ова му беше прв натпревар на клупата на Волфсбург.

Fußball Bundesliga - VfL Wolfsburg gegen Hamburger SV

Фудбалската легенда Пјер Литбарски дебитираше со пораз на клупата на Волфсбург

Важен бод во борбата за опстанок освои и Вердер, иако беше фаворит пред своите навивачи во дуелот против Хановер. Израмнувачкиот погодок за Вердер за конечните 1:1 го постигна репрезентативецот Пер Мертезакер.

„Освоивме еден бод и сега треба на мира да анализираме. Се‘ на се‘, не му дозволивме многу игра на противникот. Ќе мораме да играме по стабилно во нападот, но во второто полувреме се виде дека желбата кај нас е голема и тоа е одлучувачко во вакви натпревари“, рече Мертезакер.

Бајер и Бајерн се’ поблиску до Борусија (Д)

На врвот на табелата, новиот неуспех на Борусија Дортмунд која одигра само нерешено на гостувањето кај Кајзерслаутерн, им даде нова надеж на ривалите Бајер Леверкузен и Бајерн Минхен. Борусија поведе во 81-минута преку Свен Бендер, но пред самиот крај израмни Моравек за конечни 1:1. Фрустрацијата кај играчите на Борусија беше очигледна.

„Јасно е дека ова е многу разочарувачки. Знаевме дека не очекува многу силен противник во една зовриена атмосфера. Но да примиме гол пред самиот крај од прекин, тоа е многу болно“, изјави стрелецот на Борусија, Бендер.

Fußball Bundesliga - 1. FC Kaiserslautern gegen Borussia Dortmund

Лидерот Борусија (Д) потклекна во Кајзерслаутерн. фото: дуел на Хумелс и Лакиќ

Најблискиот конкурент Бајер Леверкузен сега се приближи на само 10 бода заостанување, откако извојува убедлива победа од 3:0 на гостувањето кај Ајнтрахт во Франкфурт. Убедлив беше и актуелниот првак Бајерн, кој на својата „Алијанц арена“ го совлада Хофенхајм со 4:0 и го презеде третото место на табелата.

Целта на Шалке сезонава е пласман во Лига Европа, а победата над Фрајбург во саботата беше првиот чекор на тој пат. Трите бода во неубедлива игра ги донесе Фарфан со погодок во вториот дел од мечот.

Автор: Андреас Цимонс/Борис Георгиевски

Редактор: Жана Ацеска