1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Фаворитите продолжија каде што застанаа есеноска

По зимската пауза продолжија возбудувањата во германската фудбалска Бундеслига. 18. коло, или прво пролетно, го одбележа убедливиот настап на фаворитите

Пролетниот дел од првенството и ја донесе и првата победа на гостински терен на екипата на Аугсбург. Малиот баварски клуб успеа да слави на гостувањето во Диселдорф со 3:2, иако тоа му помогна драматично да ја промени својата позиција на табелата. Аугсбург останува претпоследен со 12 освоени бодови, три повеќе од „фенерџијата“ Гројтер Фирт. За Фортуна Диселдорф, која имаше одличен почеток на есенскиот дел од сезоната, поразот најавува грчевита битка за опстанок.

Fortuna Duesseldorf 1895 - FC Augsburg

Фудбалерите на Аугсбург ја прославуваат првата гостинска победа сезонава

Во вториот неделен меч, Нирнберг и Хамбургер ги поделија бодови играјќи нерешено 1:1. Бодот му беше доволен на Хамбургер да продре во горниот дел на табелата, додека Нирнберг останува во опасната зона.

Борусија (Д) убедлива во Бремен

Првото коло не донесе ни поголеми промени во горниот дел на табелата, каде фаворитите суверено продолжија онаму каде што застанаа во есенскиот дел. Најубедливата победа колово ја забележа актуелниот првак Борусија Дортмунд ја гостувањето во Бремен. Борусија победи со 5:0 против тимот на Вердер и се искачи на третото место на табелата со 33 освоени бода.

Bundesliga 18. Spieltag: FC Bayern München - SpVgg Greuther Fürth

Бајерн рутински стигна до бодовите против Гројтер Фирт

Лидерот на табелата Бајерн Минхен извојува рутинска победа во дуелот со Гројтер Фирт од 2:0 и си го зголеми салдото на 45 бодови. Веднаш зад „баварците“ на табелата е Бајер Леверкузен кој на домашен терен беше убедлив, совладувајќи го есенското изненадување Ајнтрахт Франкфурт со 3:1.

Во добро светло се претстави и тимот на Волфсбург, чии играчи на домашен терен го совладаа Штутгарт со 2:0. По големата криза, серијата тренерски смени и проблеми со играчкиот кадар, од Волфсбург пролетва се очекуваат постабилни настапи.

Огномет од голови во Гелзенкирхен

Две меча без голови го одбележаа ова коло. Хофенхајм против Борусија Менхенгладбах и Мајнц-Фрајбурх беа натпреварите на кои стрелците немаа свој ден.

Затоа во Гелзенкирхен во петокот, навивачите имаа можност да проследат вистински огномет од голови. Шалке во премиерата го совлада Хановер со 5:4, а дури осум различни фудбалери се запишаа во листата на стрелците кај двете екипи. За Шалке ова беше прва победа уште од 11. првенствено коло кое се играше на 10 ноември минатата година.