1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Фабриките на иднината со машини кои „размислуваат“

На Индустрискиот саем во Хановер годинава се‘ се врти околу т.н. интегрирана индустрија. Интелигентни делови носат во себе информации за својот живот. Тие размислуваат и даваат аларм кога нешто треба да се поправи.

Со машината на пареа почна индустриската револуција. На почетокот на 20. век дојде фабричката лента, а од 1960-тите светот го променија компјутерите. Сега почна наредната, четвртата индустриска револуција, вели Фриц Клоке, реководител на Фраунхофер институтот за производствена технологија ИПТ. „Индустријата 4.0 значи дека интернетот го носиме во фабриката“, објаснува Клоке.

Добар пример за тоа е автомобилската индустрија, кадешто возилата се произведуваат речиси целосно автоматизирано. Тие мора да исполнуваат високи безбедносни критериуми и да траат долго. За во секое време да може да се контролира дали е се‘ во ред, производителот на иднината мора да остане во контакт со автомобилот, и по продажбата на возилото.

Integrierte Industrie: Fritz Klocke

Фриц Клоке

За таа цел автомобилот треба мрежно да се поврзе. Сензори мора да откријат дали има сериозни проблеми, односно дали некој подвижен дел се вжештува, дали некаде има неочекувани вибрации или звуци или дали делот е потрошен. Ваквите информации сензорите треба преку интернет да му ги пренесат на производителот, вели Клоке.

Дури и одделни делови во иднина треба да бидат „самостојни“, посакува Вернер Херфс од Рајнско-Вестфалскиот технички универзитет (РВТХ) во Ахен. „Секој дел

Integrierte Industrie: Werner Herfs

Вернер Херфс

би можел да поставува самодијагноза и потоа во клауд на интернет да праша - дали состојбата во којашто се наоѓам е нормална? Дали сум веќе потрошен? Треба ли да бидам сервисиран или заменет?“

Деловите во иднина треба да имаат двоен идентитет, еден за реалниот свет и еден како дигитална датотека, пред се‘ онаму кадешто е неопходна голема безбедност, како централите или големите индустриски постројки. Предноста е тоа што кога производителите ги собираат податоците, брзо откриваат дали одреден вид на проблеми зачестува. Тогаш можат целно да им се обратат на муштериите и да побараат тие да променат некој дел. Освен тоа, податоците се еден вид гаранција за оригиналноста на деловите. На пример, производителот

Integrierte Industrie: Bauteile am Computer

Деловите во иднина треба да имаат двоен идентитет

уште за време на производството може длабоко во материјалот да втисне специфична сигнатура. Таа сигнатура е поврзана со другите податоци важни за делот. Ако таквата информација ја нема, значи делот не е оригинал.

Во иднина многу алатки и делови треба да имаат ваков дигитален идентитет, но човекот и натаму ќе биде потребен, затоа што нормите за квалитет на производите постојано се заоструваат. Истовремено, производителите мора и да ги заштитуваат своите податоци од конкурентите и фалсификаторите.

Значи, без квалификувани техничари, информатичари и инженери нема да може ниту фабриката на иднината. Затоа научниците голем акцент ставаат на надградба и дообразување на вработените. Едно е меѓутоа сигурно - управувањето со апаратите станува се‘ полесно.