1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Фабриките загубари огласени на продажба

Во денешното издание на „Фајненшл тајмс“ се огласени на продажба три од преостанатите четири фирми загубари од Македонија. Од нивната продажба зависи судбината на вработените во овие фабрики кои тонат во долгови.

default

Тутунскиот комбинат Прилеп - една од фабриките огласени на продажба

Македонија влегува во уште еден обид да се ослободи од баластот на транзицијата, фирмите загубари, компании гиганти, претежно фабрики кои со години живуркаат на работ на опстанокот. На продажба се огласени Охридски ЕМО, Прилепската фабрика за муниција Еуро композит и Тутунскиот комбинат Прилеп. Државата очекува да инкасира неколку милиони евра но парите не се главната цел на оваа продажба.

„Целта на државата не е да заработи пари од продажбата туку да се најде инвеститор што ќе може да ги развие овие компании. Тоа се компании кои не се финансиираат од буџетот но секоја година имаат загуба, се обезвреднува капиталот и ако не се најде инвеститор ќе мора да се затворат“, објаснува за Дојче веле министерот за економија Фатмир Бесими.

Објавен петтиот по ред тендер за продажба на фирмите загубари

Се бараат странски инвеститори, трите комапнии се понудени во денешниот број на весникот „Фајненшл тајмс“. Повикот ќе биде отворен 70 дена, понудената цена е одлучувачка при изборот. Новите сопственици се

Leere Kasse, klamme Finanzen

обрзани во првите пет години да ги задржат на работа сите вработени и да инвестираат во модернизација на фабриките. Денес во нив работат повеќе од 3.000 луѓе. Дел од нив се на принуден одмор, не добиваат редовно или воопшто плата, а сметките на фабриките се во длабок минус.

Што ќе значи нивната продажба за работниците, го прашавме Пеце Ристески од Синдикатот на металците енергетичарите и рударите. „Ако влезе сериозен инвеститор очекуваме да почне процес на производство, што ќе ги ангажира затекнатите работници. Тогаш може да се разговара за нормална плата, а не за социјална помош која сега ја добиваат и за регулирање на обврските кон вработените, бидејќи станува збор за живи претпријатија“.
Претпријатијата загубари се последица на феноменот македонска транзиција. Дел од групата од над 50 компании кои неуспеа да го фатат чекорот на новото време најдоа спас во продажба. Некои сосема пропаднаа. Преостануваат уште четири компании. Од пакетот што денеска е огласен е изоставена само скопската фабрика ОХИС, последната компанија загубар во кој државата го има главниот збор, ќе биде понудена на продажба во наредниот период.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска