1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Фабиус: имплицитно е договорено Асад да не биде во власта

Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус изјави дека текстот договорен од членките на Советот за безбедност на ОН во Женева, за политичката транзиција во Сирија, имплицира дека Асад треба да се повлече.

„Текстот посебно нагласува дека ќе има транзициона влада со сите сили, а таму нема да биде претседателот Башар ал-Асад, затоа што таму ќе бидат луѓе за кои постои взаемна согласност“, рече францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус и додаде:

„Опозицијата нема никогаш да се согласи за него, така што тоа имплицитно сигнализира дека Асад мора да замине и дека неговото е завршено“.

Фабиус нагласи и дека ако договорот од Женева не е доволен, тогаш неговата земја во Советот за безбедност ќе побара план, кој би се спровел врз основа на поглавјето 7, кое му дозволува на Советот за безбедност да одобри акции, кои се движат од санкции до воена интервенција.

Genf Konferenz Syrien

Сириската опозиција смета дека договорот од Женева е недоволно јасен

Сириската опозиција денеска ги поздрави „новите позитивни елементи“ во договоро за транзиција на власта во земјата. Сепак, сириската опозиција забележа дека планот е недоволно јасен.

Финалната декларација од состанокот за Сирија „се чини дека сугерира неколку позитивни елементи“, рече Басма Кадмани, портпаролка на Сирискиот национален совет. Таа додаде дека „значајните елементи остануваат премногу амбициозни и оти планот е премногу нејасен за да принуди на вистинска и итна акција“.