1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Фабио Канаваро е фудбалер на годината во светот

Бразилката Марта е најдобра во женска конкуренција. Трофеј за Германецот Мирослав Клозе како најдобар стрелец на Светското првенство

Канаваро со пехарот од Светското првенство

Канаваро со пехарот од Светското првенство

33-годишниот капитен на италијанската репрезентација Фабио Канаваро, кој инаку настапува за Реал Мадрид, е прв одбранбен играч што го доби трофејот на ФИФА за фудбалер на годината. Во ноември Канаваро беше проглаен и за играч на годината во Европа. Самиот денеска, со доза на иронија, рече:

”Со оваа награда сега на сите им е затворена устата. Дискусијата досега се вртеше околу тоа дали ќе ја добијат златната топка или не. Оваа награда е практично сертификат за гаранција. ”

Зад него во изборот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) за 2006-та останаа Французинот Зинедин Зидан и Бразилецот Роналдињо. Од Германците, Балак е на 11-тото место, а Мирослав Клозе на 13-тото.

Прогласувањето беше извршено на синоќешната гала-свеченост на ФИФА во Цирих, на која Клозе, напаѓач на Вердер од Бремен и германски репрезентативец, го прими признанието како најдобар стрелец на светското првенство. “Мислам дека тоа беше едно мирољубиво светско првенство со многу емоции и сметам дека сите ние можеме да бидеме задоволни со тоа” – изјави Клозе.

Единствен германски фудбалер досега кој беше прогласен за најдобар во светот е Лотар Матеус во 1991-ва година, токму во првиот избор на ФИФА! Голманот Оливер Кан во 2002-ра година беше второпласиран.

Во женска конкуренција за најдобра во светот во 2006-та година е прогласена Марта од Бразил, пред Кристин Лили од САД и германската репрезентативка Ренате Лингор.