1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

УЈП побара стечај за А1

Управата за јавни приходи официјално побара стечај за А1 телевизија. Преку Јавното правобранителство, кое е законски застапник, УЈП ја поднела иницијативата до Основниот суд Скопје 2.

default

Велија Рамковски се изјасни за невин

Од Управата за јавни приходи за Дојче веле потврдија дека вчера официјално побарале отворање стечај за А1. Според портпаролот Весна Новаковиќ барањето било поднесено за да се обезбеди ефикасна наплата на долгот. За таквата иницијатива биле исполнети сите законски услови.

Со решение на судот, отворена е претходна постапка за испитување на услови дали телевизијата ќе оди во стечај, за што ќе се одлучува на 26. јули на судско рочиште. Привремениот стечаен управник Ацо Петров за Дојче Веле изјави дека во периодот до 26 јули, тој бил овластен да изготви извештај за економско-финансиската состојба во која се наоѓа телевизијата А1 и да спроведува мерки за обезбедување на имотот. Од документите потоа ќе треба да се утврди дали постојат услови за отворање на стечајна постапка. Дотогаш, како што вели Петров, се забрануваат какви било исплати од сметките на должникот, односно се забранува отуѓување на имотот. Според Петров, кој изјавата за Дојче веле ја даде за време на своето присуство во телевизијата А1, ваквите мерки биле преземени за да нема оштетување на сметката.

А1 телевизија има рок до средината на август да го подмири неплатениот долг во висина од 9,5 милиони евра. Во судскиот процес „Пајажина“ кој се води против сопственикот на А1 телевизија, Велија Рамковски и неговите блиски соработници, сите обвинети се изјаснија за невини и се оградија од финансиското работење во фирмите каде што биле управители. Обвинителството во овој случај товари вкупно 23 лица за затајување данок, злоупотреба на службената положба, перење пари и злосторничко здружување.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Трајче Тосев

DW.COM