1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Уште 30 дена притвор за Шиповиќ

Претседавачот на Советот на скопската општина Центар и истакнат член на опозициската СДСМ, Мирослав Шиповиќ, кој се товари за злоупотреби во работењето, пред точно еден месец беше екстрадиран од Австрија во Македонија.

default

За уште 30 дена му е продолжен притворот на Мирослав Шиповиќ, претседавачот со Советот на општина Центар и претседател на општинската организација на СДСМ за Центар.

Вакво решение вчера (20.12.2013) донесе Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1. Шиповиќ пред точно еден месец беше екстрадиран од Австрија во Македонија, кога автоматски почна да му се пресметува времето кога му беше изречена мерката притвор, додека беше отсутен од државата.

За ослободување на Шиповиќ од притвор беше понуден стан во вредност од 70.000 евра како гаранција, а претходно и лидерите на опозицијата изразија подготвеност, доколку се укаже потреба, да ги понудат своите домови во замена за негово ослободување.

Претседавачот на Советот на Општина Центар и уште други 11 лица, од Скопје и Штип, се товарат за злоупотреби во работењето, односно дека со продажба на стари делови било избегнато плаќање данок во висина од 17 милиони денари, додека „Машинопромет“ бил оштетен за милион евра.