1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Уште три лица се самозапалија во Бугарија

Продолжува бранот на самозапалувања во Бугарија во знак на револт против големата сиромаштија и економската криза. Протестите против високата цена на електричната енергија и ниските плати не стивнуваат

Три лица се запалија во вторникот во Софија, од кои две со фатални последици, на протестите на рударите, железничарите и вработените во електраните, кои со тоа се придружија на бранот масовни протести што со недели ја потресува Бугарија. Работниците протестираа поради најавеното намалување на работните места, високите цени на електричната енергија и нискиот животен стандард, во пресрет на вонредните парламентарни избори во мај. Протестот е организиран од двата најголеми синдиката КНСБ и „Поткрепа“, во сенка на масовните демонстрации кои ја урнаа десничарската влада пред две седмици. „Ние сме овде да ја браниме својата работа. Сакаме да работиме. Ние сакаме леб за своите деца“, рече челникот на рударската синдикална федерација „Поткрепа“ Владимир Топалов. Многу Бугари се незадоволни од политичката елита, за која сметаат дека е корумпирана и оценуваат дека многу малку направила за подобрување на животниот стандард на граѓаните, кој е помал од половина од просекот во Европската унија. Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев најави дека привремената влада, која ќе биде именувана наредната седмица, ќе се фокусира на подобрување на економските услови и отворање на нови работни места, со цел да се намали стапката на невработеност од 12 отсто.

Во неделата почина првото лице кое се самозапали во бугарскиот град Варна.