1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Уште колку ќе има нафта?

Цените на нафтата никако да опаднат. Напротив, и покрај решението на ОПЕК да ги зголеми количествата на црпење, цените на нафтата на светските берзи постепено повторно достигнуваат високи нивоа. Откако цената доживеа највисоко ниво во последните 20 години, се поставува и прашањето: до кога ќе има нафта?

Кога станува збор за темата нафта постои само една неспорна точка: природните резерви нафта имаат крај. Се друго на оваа тема е само предмет на чисти шпекулации. Во фокусот на таквите шпекулации постојано и прашањето уште колку ќе траат нафтените резерви, што е идеална проекција за различните интереси на медиумите, шпекулантите, политичарите, еколозите и фирмите. Еден од најчестите заклучоци базира врз ставот дека нафтените резерви поради зголемното производство во последните децении и зголемената потрошувачка бргу се намалуваат. Денис Никен, нафтен аналитичар од Хелбата Труст пак тврди дека вистина е спротивното и се повикува на една студија на енергетскиот концерн Бритиш Петролеум во која се вели:“Резервите на нафта во последните 20 години се пораснати за 60 насто“. Меѓутоа, оваа вредност базира врз таканаречените “неопходни резерви“ кои пак потоа се делат на “неопходни развојни“ и “неопходни неразвојни“.

“Од моето најрано детство постојано се вреви со предвидувања дека резервите се се помали и секогаш производството во годините потоа растеше повеќе од кога и да е“, изјавил наводно уште во 1925 година Џон Хауард Пју, претседател на Сан оил. Предупредувањата од заканувачки недостиг на нафта оттогаш се појавуваат редовно – кога цените на нафтата се качуваат на рекордни нивоа. Вистина е исто така дека зголемувањето на цените на нафтата досега никогаш не беше поврзано со намалувањето на резервите, туку постојано со политички и економски страхувања. Така е и сега: одржувањето на високите цени на нафтата беше и ќе биде поврзано со застарените методи на црпење и недоволните капацитети за лагерување, како и со несигурноста околу Ирак и Саудиска Арабија, штрајкувањата на вработените во нафтената индустрија во Нигерија, со непресметливиот претседател на Венецуела, како и со стравот од запирање на производството во Јукос.

“Времето на нафтата е далеку од заминување“, вели Рајнер Вик од информативната служба за енергетика во Хамбург. Секако дека фирмите интензивно се подготвуваат за времињата без нафта. Но, ова време се уште е далеку. “Оној што вели дека по 50 години веќе нема да има нафетно производство, нема поим. Сето тоа е голема математичка игра за да направиме резерви за 50-те години по овие 50 години“, вели Вик. Меѓу експертите владее мислењето дека сегашните “неопходни резерви“ се доволни за најмалку 50 години. Меѓута, сериозни анализи не се можни. Порано се сметаше дека не е можно да се црпат резерви од преку 3 до 4 илјади метри длабочина, сега тоа се прави без никакви тешкотии. Рајнер Вик обајснува натаму: “Порано при познати количества една од десет бушотини беше успешна, денес се осум од десет". Освен тоа постои уште еден развоен потенцијал: според сегашното мислење на експертите, се уште не се испитани сите региони во кои може да има нафта.