1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Уште еден мултимилијардер во посета на Македонија

По најбогатиот човек во светот, мексиканскиот бизнисмен Карлос Слим, за кратко време во Македонија повторно престојува еден мултимилијардер. Индиецот Субрата Рој управува со бизниси вредни околу 65- милијарди евра.

default

Субрата Рој

Индискиот мултимилијардер, основач и сопственик на компанијата Сахара Индија Паривар, Субрата Рој од денеска (15.06.2012) престојува во официјална посета на Република Македонија.
Субрата Рој, прогласен за еден од највлијателните луѓе и најголем приватен работодавач во Индија, доаѓа по покана од македонската влада врачена за време на економската турнеја во Индија.
За време на престојот, Субрати Рој ќе се сретне со премиерот Никола Груевски заедно со дел од членовите на владиниот економски тим. Ќе посети повеќе локации каде би можел да оствари инвестиција во различни сектори и дејности како земјоделството, образованието и туризмот.
Рој вработува околу два милиони луѓе, има капитал од приближно 65 милијарди долари и работи во голем број бизниси, како во финансиите, осигурувањето, градежништвото, изградба на болници, универзитети... Македонија ја памети по Мајка Тереза.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески утрината организира официјален пречек на Субрата Рој на скопскиот аеродром „Александар Велики“.