1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Уште еден краток престој на евро-сцената

Иако Хоризонт Турново во својот дебитантски настап најдобро се„ продаде“ на интернационалната сцена, Македонија повеќе нема свој претставник во фудбалска Европа.

Последниот македонски претставник на европската сцена, екипата на Хоризонт Турново вчеравечер одигра нерешено 1:1 со Хајдук во реванш натпреварот од 2.коло во квалификациите во Лига Европа, недоволно да се помине во следната фаза.

Стрелци на головите на дуелот одигран на „Филип Втори“ во Скопје на „пеколно“ време беа Мијо Цакташ во 60.минута за гостите од Сплит и Сашко Пандев во 70.минута за Турново.

Хрватскиот тим во Скопје не дојде да го брани резултатот од првата средба кога победи со 2:1. Напротив одигра офанзивно и имаше повеќе шанси до водечкиот гол.

Тоа како да делуваше мотивирачки на домашните фудбалери кои не само што издначија, туку имаа и две убави шанси за победа преку Дејан Блажевски кои не успеа да донесе продолженија. И покрај елиминацијата фудбалерите на Турново заслужено беа наградени со аплаузи од четириилјадната публика во Скопје.

Со ова сите четири македонски клубови се елиминирани од европските натпреварувања, а во 10 натпревари забележаа само четири нерешени средби и шест порази. Тетекс и Металург беа елиминирани во 1. квалификациско коло на Лига Европа од Пјуник од Ерменија и Карабах од Азербејџан, додека шампионот Вардар во 2. коло од квалификациите за Лигата на шампионите беше елиминиран од Стеауа Букурешт.