1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Уште еден бомбаш самоубиец се разнесе во Казабланка

Во Казабланка синоќа одекна и трета експлозија предизвикана од бомбаш самоубиец. Во инцидентот се ранети повеќе лица, соопшти полицијата, додавајќи дека станува збор за припадник на терористичката група по која се трага. Претходно двајца од осомничените терористи во различно време се разнесоа во воздух, додека друг беше убиен во престрелка со полицијата. Во инцидентите загина и еден полицаец, а двајца беа повредени. Сите бомбаши беа осомничени за соучество во последниот атентат во Мароко од 11 март кога едно лице се разнесе во сајбер кафе.За нападот беше осомничена група од триесетина лица која планирала и други атентати.