1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Учтив гостин со јасни барања

Американскиот претседател Барак Обама при ненајавената посета на Авганистан имаше средба со американските војници, како и со претседателот Хамид Карзаи.

default

Обама и Карзаи во претседателската палата во Кабул

Двајцата претседатели пред собраните новинари манифестираа пријателски тон. На прес конференцијата во претседателската палата во Кабул, Хамид Карзаи се заблагодари во име на авганистанскиот народ за помошта од САД во изминатите осум години. „По темите што ги засегаат нашите две земји имавме добра дискусија...„

Од американска страна дојдоа јасни барања. Советникот на Обама за безбедносни прашања, Џејмс Џонс, побара од авганистанската влада да ги надомести слабостите и недостатоците што ја следат од самиот почеток. Вашингтон имено инсистира на подобрување на полето на борбата против трговијата со дрога, како и зголемен ангажман во борбата против корупцијата. Обама побара од Карзаи и подобрување на правосудниот систем.

Сложен однос

Односот меѓу двајцата претседатели е оптоварен пред се’ поради обвинувањата за манипулации на претходните претседателски избори од крајот на минатата година. На Американците им е потребен доверлив партнер во Кабул за да не им пропаднат плановите за повлекување од Авганистан.

Obama / Afghanistan / Bagram / USA

Обама им се обраќа на војниците во воената база во Баграм

Првите американски војници треба според планот на Обама да се вратат дома кон средината на наредната година. Затоа американската армија сега го зголемува бројот војници во Авганистан за да оствари пресврт на воен план и на тој начин да создаде подлога за завршување на осумгодишната војна.

Неопходна војна

Кусо пред враќањето дома, Барак Обама се сретна со американските војници во базата Баграм. Во говорот пред 2.500 војници, тој уште еднаш порача дека воената мисија во Авганистан е неопходна:

„Ние не ја одбравме оваа војна, туку таа е последица од фактот што бевме нападнати на 11 септември 2001 година. Ако во Авганистан повторно завладеат талибанците и терористите на Ал Каеда, тогаш повторно им се заканува опасност на животите на нашите сограѓани.“

Посетата на Барак Обама на Авганистан траеше се’ на се’ шест часа. Следната негова средба со домаќинот Хамид Карзаи ќе дојде наскоро. Договорено е авганистанскиот претседател веќе во мај да лета за Вашингтон.

Автор: Никол Марквалд/ Горан Чутаноски

Редактор: Жана Ацеска