1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Лицата на Германија

Учителката Уте Вебер од Есен

Уте Вебер е сталожена личност. Веќе 30 години таа предава англиски и географија во женската гимназија, во нејзиниот роден град Есен. Во меѓувреме, може да си замисли понекогаш да работи и нешто друго.

default

„Господ знае се‘, а учителите знаат се‘ подобро“. Уте Вебер не ги сака таквите вицеви. Исто така и вообичаените клишеа дека учителите секогаш имаат распуст и многу слободно време, ја лутат Уте од Есен која е педагог. Таа предава англиски и географија во женската гимназија Есен-Борбек, 25 часа неделно. Затоа, веќе одамна тоа не е скратено работно време. Потребно е многу време за подготовките и прегледувањето, пред се‘ за предметот англиски.

Повеќето деца сметаат дека училишните часови започнуваат прерано. И Уте Вебер не би имала против да почнуваат подоцна. Сепак, 57-годишната учителка станува половина час порано за да може опуштено да појадува со сопругот Бернд и да чита весник. Парот не го пропушта овој ритуал. Бернд Вебер е задолжен за подготовка на појадокот. И тој е учител, но во друга гимназија.

Секогаш нешто ново

Училиштето е оддалечено само три километри. Сепак, Уте Вебер дотаму оди со автомобил, оти не сака да ги носи

Gesichter Deutschlands Porträt UtWeP1

Предава англиски и географија во женската гимназија Есен-Борбек, 25 часа неделно

тешките книги и тетратки. Во мислите веќе е во училницата. Понекогаш додека вози добива уште некоја идеја за часот. „Прилично сум спонтана“, вели Уте Вебер за себе. Во поглед на содржината на предавањата, таа се обидува секогаш да понуди нешто ново, доколку тоа го дозволува пропишаната прогама. „Никогаш не го предавам истото, оти така е ужасно здодевно“, вели Уте Вебер.

Една ученичка од десеттиот клас вели дека ако е добро расположена, со неа може да биде навистина забавно. Ученичките од 7а, на кои Уте Вебер им е класен раководител, сметаат дека не е строга. Сепак, знае и да се налути. „Се обидувам да воведам правила, кои потоа ќе се почитуваат“, нагласува педагогот. „Јас сум љубопитна и мислам дека ученичките имаат право да знаат и нешто за мене.“ Се разбира, до одредена граница.

„Девојчињата се помалку напорни“

Таа радо предава во женската гимназија и смета дека е помалку напорно. Се разбира, и девојчињата се понекогаш

Gesichter Deutschlands Porträt UtWeP3

„Никогаш не го предавам истото, оти така е ужасно здодевно“, вели Уте Вебер

безобразни, но момчињата се погласни. Затоа Уте Вебер мисли дека во целина, учењето со девојчињата е поопуштено. И така веќе 30 години предава во Борбек.

И нејзините две ќерки оделе во тоа училиште. Но, имале друг учител. Нина денес има 28 години и на професионален план сакала да тргне по стапките на мајка и‘. Сепак, по извесно време ги прекинала студиите на Педагошкиот факултет и и‘ се посветила на економијата. Соња има 26 години и студирала на насока за култура и медиуми. Но, потоа таа одлучила да стане тренер на кучиња и да отвори сопствен салон. Соња живее со момчето во куќата на нејзините родители, во посебен стан на горниот кат. Наскоро, сака да го затвори салонот за кучиња и да оди во странство.

Можен е нов почеток

Gesichter Deutschlands Porträt UtWeP4

Уте Вебер понекогаш сонува за нов почеток, иако е среќна

Уте Вебер исто така понекогаш сонува за нов почеток, иако е среќна. Таа би можела да си замисли да прави нешто сосема поинакво, како на пример во слободната економија. „Организирам радо, тоа го правам добро“, нагласува учителката.

Многу сака да учи странски јазици, шпански или можеби португалски. Уте Вебер секогаш била сталожена личност, и му останала верна на родниот град Есен. Но, сега учителката сака почесто да гледа нешто ново, да отпатува, па макар и на неколку дена. Уте може да го стори тоа за време на долгиот распуст.

Автор: Вјачеслав Јурин / Јасна Мушиќ - Јанчулева

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

WWW-линкови