1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Учење од далечина

Долго време Дописниот универзитетот во Хаген беше единствениот универзитет што им овозможуваше на луѓето од сите возрасни групи да завршат студии и покрај обврските во фамилијата, домаќинството или работата.

default

Преку компјутер може да се продолжи образованието во речиси сите науки, освен природните

Материјалите за учење доаѓаа во домовите преку пошта, а тестовите се полагаат на лице-место. Одамна и останатите универзитети го препознаа пазарот за учење од дистанца. Сето ова беше олеснето со специјални платформи за учење преку Интернет.

„На пример, виртуелна училница во која има редовно среќавање или дискутирање во форуми, каде може да се дискутира содржината, навистина написмено, ама сепак...“, вели Петра Кочи.

Таа работи на Универзитетот во Штутгарт во менаџментот на програмите за онлајн студиски курсеви. Електроника, геронтологија и градежна физика се само некои од областите за кои има постдипломски студии базирани на учење преку Интернет. Во одделите, во кои без Интернет студирањето веројатно не би се нашле заедно да работат на некоја тема, студентите се гледаат очи во очи двапати во годината, секогаш на викенд.

„Штутгарт нуди онлајн образовни курсеви, кои се за натамошен развој и се со скратено време, а за да се студира треба академска диплома и двегодишно работно искуство“, вели Кочи.

NO FLASH Scholar-Online Brakoniecka Barroso

Материјалите за учење се добиваат во електронска форма, како ПДФ документи или видео материјали

Диплома од факултет и работно искуство за студирање од далечина

Дипломата од факултет или магистерските студии се бара во речиси сите курсеви со скратено време. Така е и на Техничкиот Универзитет во Кајзерслаутерн, каде има посебен центар со 14 курсеви за учење од дистанца. Програмите за дипломи по софтверско инженерство и нанотехнологија се целосно засновани на учење преку Интернет. Сепак, и кај ова студирање од далечина е предвидена една фаза кога студентите мораат да бидат присутни во Карлсруе. Со оглед на тоа дека онлајн-студирањето е наменето и за студенти од странство, тука има исклучоци, вели научната соработничка, Мишел Камари:

„Имаме, на пример, курс за менаџирање со училиштата и во него се студенти од Еритреја, кои живеат и работат во Еритреја. Тие во замена, мораат да извршат одредени дополнителни задачи“.

Учење и полагање испити преку Интернет видео врска

China Internetcafe in Shenyang Surfer

Полагањето на испитите може да биде пред одговорно лице во студентски центри или преку Интернет

Една предност во Кајзерслаутерн е тоа што курсевите се и на англиски јазик. Но, така не е секаде. Најчесто се бара добро познавање на германскиот јазик. Така е и на најстариот германски дописен универзитет, оној во Хаген. Понудите не се единствено за учење преку Интернет, туку се и микс од Интернет, хартија и присуство, објаснува Сандро Менгел, кој е универзитетски професор по теорија на образованието и медиумска педагогија.

„Ние на Универзитетот го следиме концептот на ’слепо учење’, што значи дека различните медиуми се мешаат меѓусебе за да се обезбеди најголема можна флексибилност за независност од местото и времето. Исто така, има можност и за студирање на традиционален начин, па дома или во странство да ви се испраќаат печатени материјали, но може да се добиваат и електронски книги и материјали во ПДФ формат“, објаснува Менгел.

Видео поткастите со објаснувања и снимки од предавања се дополнување во програмата, за материјалот за учење да нема премногу текст. Во одредени термини студентите се среќаваат во виртуелна училница со помош на слушалки, микрофон и камера. На Универзитетот во Хаген може да се студира речиси се’ – од култура до социјални науки, од економија до математика и право. Единствено природните науки ги нема во оваа понуда. За испитите има посебен систем: во светот има студиски центри со лица кај кои може да се полага, или пак се воспоставува видео врска со професор од Хаген, кој го испрашува студентот.

Автор: Габи Ројхер/ Александар Методијев

Редактор: Симе Недевски