1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Учење германски за кариера

Се‘ повеќе млади академци во Европа се подготвени да ја напуштат татковината за да работат во странство. Без работа се пред се‘ луѓето од јужна Европа. Тие сакаат иднина во Германија, но без јазик не оди ништо!

Учењето јазик е најголемата пречка за Росана Коцолино. Италијанката живее во Германија два месеца. Таа е биохемичар од Болоња и сака да најде нова работа. Добро зборува англиски, но многу претпријатија претпочитаат познавање на германскиот јазик:

„Учењето германски ми е важно. Треба да се најде работа, но и да се разбере што мислат и зборуваат другите, кога на пример би се конфронтирале со шефот. Но, пред се‘ едноставно сакам да припаѓам овде. Затоа, ова ми е најважно.“

Росана Коцолино живее заедно со пријателот во Риселсхајм. Невработена е година и половина. Иако докторирала на тема тумори и рак, 34-годишната Италијанка не нашла рбаота во татковината. Последното работно место и‘ било како асистент во лабораторија, за плата од илјада евра месечно.

Да се најде нова работа било речиси безизгледно. Сега се надева дека во Германија може да направи кариера.

„Во Италија е многу тешко да се најде работа. Кога имаш докторска титула се вели дека си преквалификуван. Публицирав текстови во меѓународни списанија за молекуларна биологија. Тоа за една фирма значи дека би морала да даде

повеќе пари за мене. Главниот проблем е платата. Повеќе сакаат да земат некој кој не е толку квалификуван, за кого би морале да платат помалку“, вели Росана.

Се‘ повеќе млади во Европа се подготвени за добра работа да ја напуштат татковината. На Гете-институтот во Франкфурт, во меѓувреме, една четвртина се посетители на курсеви од Шпанија, Италија и Португалија.

Росана успешно го завршила основниот курс и веќе е запишана за натамошните степени на изучување на јазикот.