1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Учество во Белене - добра инвестиција?

Се мерат аргументите за и против учество на Македонија во проектот за изградба на нуклеарната централа “Белене“. Дали наместо во Бугарија, Македонија треба да изгради сопствена нуклеарка? Дали е ова поповолно?

default

Македонската Вла­да се­ри­оз­но раз­мис­лу­ва за вклучување во проектот "Бе­ле­не". Дали земјата треба да инвестира во изградбата на бугарската нуклеарна централа е прашање за кое е побарано мислење од стручен тим со кој раководи вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. Тој во изјава за Дојче Веле нуди повеќе аргументи кои треба добро да се измерат.

Инвестицијата ќе се исплати за 13-14 години

Офи­ци­јал­ната по­ну­да за Македонија е доставена преку ам­ба­са­до­рот на Бу­га­ри­ја во Скопје.

Stavreski Pesevki und Cugunov Gazprom

Вицепремиерот Владимир Пешевски (прв од десно) го предводи стручниот тим кој решава за Белене

Ма­ке­дон­ска­та стра­на по­ба­ра­ла до­пол­ни­тел­ни ин­фор­ма­ции за пред­ви­де­на­та сопс­тве­нич­ка струк­ту­ра во „Бе­ле­не" и за учес­тво­то на ру­ски и дру­ги пар­тне­ри во про­ек­тот. Експертите имаат различни ставови во врска со проектот Белене но согласни се дека Македонија мора да инвестира во изградба на нови енергетски капацитети. Според професорот Атанаско Туневски влезот во Белене би претставувал добра инвестиција. „Инвестицијата од 350 до 400 милиони за македонскиот влез во Белене ќе се исплати за 13 до 14 години“.

Белене остана без стратешки партнер

Да не се приклучуваме на изградбата на нуклеарка во Бугарија туку да изградиме наша македонска, вели проферосорот Константин Димитров. Смета дека тоа е поповолна опција. „Тоа би било подобро решение иако ќе треба повеќе време. Има многу за и против аргументи кои ги анализира официјално Скопје пред да одговори на понудата на Софија. Неодамна Хр­ват­ска од­би да се прик­лу­чи кон про­ек­тот "Бе­ле­не" со об­раз­ло­же­ние де­ка зем­ја­та има сво­ја енер­гет­ска стра­те­ги­ја. По пов­ле­ку­ва­ње­то на гер­ман­ски­от РВЕ по­ра­ди еко­ном­ска­та кри­за, бу­гар­ски­от про­ект ос­та­на без стра­теш­ки пар­тнер.

Автор: Горан Петревски

Редактор: Симе Недевски