1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Учениците останаа дома поради снегот

Поради снегот и големите студови во 244 училишта во Македонија денеска нема настава. Сообраќајот и натаму се одвива отежнато

default

Снежно невреме во Скопје

Во 44 општини во Македонија денеска има целосен прекин на настава. Настава не се одвива во 224 училишта, од кои 36 се средни училишта и 188 основни, од кои 183 се централни училишта, а пет се подрачни основни училишта. Во пет општини има делумен прекин на наставата, во четири централни и пет подрачни училишта.

Како што информира Министерството за образование и наука, настава не се одржува во општините Гостивар, Тетово, Дојран, Гевгелија, Валандово, Битола, Чашка, Струмица, Кавадрци, Крушево, Карпош и Сарај... Настава нема во повеќе скопски приградски населби - Сопиште, Студеничани, Чучер Сандево, Арачиново, Зелениково, ...

Министерството соопшти дека вчера во 28 општини во Република Македонија со одлука на Советите на единиците на локалната самоуправа била прекината наставата.

Во Република Македонија во 84 општини и Град Скопје има вкупно 458 училишта од кои 99 се средни, а 359 основни училишта.

Снежните наноси и натаму го отежнуваат и сообраќајот во земјата. Авто-мото сојузот на Македонија информира дека се прекинати забраните за тешки товарни возила на патниот правец Македонски Брод – Прилеп, а денеска од 11 часот и на планинските превои Плетвар и Ѓавато од 12:15 часот.

Според АМСМ, се уште важат забраните за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово – Дебар, Дебар – Струга, и планинските превои Попова Шапка и Стража. За автобусите забрана се уште има само кон Попова Шапка.

Автор: миа/макфакс

Редактор: Б. Георгиевски

Поврзана содржина