1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Учениците во Македонија запознаени со ЕУ

Основците, средношколците и студентите во Македонија преку наставни содржини и бројни активности учат и се информираат за ЕУ. Посебно голем интерес пројавуваат по прашањето за влез на Македонија во ЕУ

default

Учениците во ОУ „Блаже Конески“ во Велес

Нивното познавање за ЕУ беше зголемено со кампањата „Учиме за ЕУ“, која од 2007 до 2010 ја реализира Секретарјатот за европски прашања во соработка со Министерството за образование потенцира за Дојче веле, Христина Конеска Бероска од секторот за односи со јавноста. Таа воедно најавува нови проекти.

„Ние сме убедени дека целта е постигната, дека учениците и студентите сега имаат поголеми знаења за ЕУ. Но, секогаш постои простор да се научи повеќе и подобро. Во однос на она што се планира во наредниот период, Секретарјатот за европски прашања во моментот изработува нова стратегија за информирање и комуникација со јавноста. Во неа, согласно потребите, а во консултација со другите институции, повторно ќе се предвидат вакви проекти за учениицте и студентите, бидејќи тие се важна целна група на којашто мислиме дека треба да бидеме фокусирани“, вели Христина Конеска Бероска од СЕП.

NO FLASH EU Flagge Symbolbild Kommission in Brüssel

Учениците ги знаат симболот и химната на ЕУ, бројот на членки, идејата за создавање на ЕУ, но и за оние земји кои не сакаат прием во Унијата

Со проектот „Учиме за ЕУ‘‘ учениците ги зголемија знаењата за ЕУ

Наталија Чанева е осмооделенка во ОУ „Блаже Конески“ во Велес. Вели дека за ЕУ научила по предметите граѓанско образование и историја. Таа без размислување веднаш ни одговара - колку држави ја сочинуваат ЕУ и кои се нејзините симболи.

„ЕУ моментално содржи 27 земји. Знакот, односно знамето на ЕУ е плаво со ѕвезди, кои што се симболите на слогата, а химната е ’Ода на радоста’ од Бетовен“, објаснува Наталија Чанева.

Нејзината професорка по граѓанско образование Јадранка Клифова, информира дека учениците имаат голем интерес за темата ЕУ, со посебен акцент за се она што е поврзано со Македонија и можноста таа наскоро да стена нејзина членка. Професорката потенцира дека учениците се изјаснуваат оти сакаат да ги имаат истите права и можности како и нивните врсници од членките на ЕУ.

Bulgaren feiern EU Beitritt

Младите од Македонија сакаат еднакви можности како и нивните врсници од Европа.

„Можам да кажам дека имаат интерес за тоа што е ЕУ и не само за земјите што се членки, туку и за самото создавање на ЕУ, идејата за Европа да биде обединета, до тоа како се дошло до создавање на ЕУ - сето тоа ги интересира. Учениците ги помнат тие држави, ги набројуваат, симболите посебно ги интересираат. Химната ’Ода на радоста’ веќе знаат да ја пеат. Таа им е интересна“, вели професорката Клифова.

Директорот на ОУ „Блаже Конески“, Анде Николовски вели дека нивните ученици преку повеќе наставни предмети, кампањи и проекти одлично се информирани за ЕУ.

„Учениците се запознаени со основите на ЕУ, нејзините активности. Се запознаваат со државите членки на ЕУ, нивната географска положба, историја, економија, култура, традиција, националната кујна“, вели тој.

Гимназијалецот Кирил Дончов објаснува дека за ЕУ научил од повеќе предмети во училиште, а најмногу од историја.

„Има држави на коишто им е понудено да влезат во ЕУ, како на пример Швајцарија, којашто не сака да влезе во ЕУ и Норвешка, која исто така не сака да влезе. Има и држави коишто се кандидати за ЕУ, како што е Македонија. Потоа има и држави кои преговараат со ЕУ за влез, како што е Хрватска. И целта на ЕУ е да се шири и кога сите држави ќе се обединат, тоа ќе биде крајната цел на ЕУ“, смета гимназијалецот Дончов.

Македонските студенти можат да ги посетат членките на ЕУ

Informelles EU-Außenministertreffen in Stockholm

Студентите можат подобро да ги запознаат европските земји преку студентски размени и слободно патување без визи

И македонските студенти беа вклучени во кампањата „Учиме за ЕУ“. Некои од студентите преку програмата за размена на студенти со земји членки на ЕУ и практично веќе имаат можност да студираат и подобро да се запознаат со некоја од европските земји.

А, што е посебно важно, со визната либерализација за Македонија од декември 2009-та година, многумина од нив веќе имаат можност без виза слободно да прошетаат низ европските земји и подобро да се запознаат со нивната историја, култура и традиција.

Македонските студенти истакнуват дека ден поскоро сакаат и нивната земја, Република Македонија, да стане дел од големото европско семејство.

Автор: Антоанела Димитриевска

Редактор: Борис Георгиевски

Поврзана содржина