1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Учениците бараат подобро образование

Прв штрајк во историјата на германски ученици - десетици илјади средношколци бараа подобро опремени училишта, помалубројни одделенија, повеќе наставници...Учениците добија поддршка од синдикатите и сојузот на студентите.

default

Од протестите на учениците во Дрезден

„Бараме поголемо право на одлучување за важни прашања во училиштето! Сакаме демократско училиште за сите! Доста ни е од ветувањата на политичарите, кои немаат врска со реалноста!

Ние сме овде, гласни сме, бидејќи ни ја одзедоа можноста на образование!“

Со излегувањето на улица, учениците покажаа дека веќе не можат да молчат. Тие, ширум Германија, јасно им кажаа и покажаа на политичарите, што мислат за политиката на образовнието! Само во Бон демонстрираа околу 5.000 ученици. Меѓу нив е и 18-годишната Бирзен Кизгин. Во метежот и таа гласно го бара основното право на учениците за образование. Таа е ученичка во 12-то одделение, во едно стручно училиште во близина на Бон, и не е задоволна бидејќи...„Училиштето не е добро организирано, и има премногу ученици во едно одделение, некаде околу 40 ученици. Ако се земе предвид дека еден час трае 45 минути, тогаш наставникот има само по една минута за секој ученик. Ситуацијата е тешка и не може да се толерира. Би требало да има по 20 ученици во едно одделение, така што наставниците би можеле да

Schüler und Schülerinnen demonstrieren am Mittwoch, 12. November 2008, in der Naehe des Alexanderplatzes in Berlin gegen die Bildungspolitik der Bundesregierung

Протести имаше и во Берлин и во неколку други големи градови во Германија

посветат повеќе внимание на образованието на децата и да им помогнат на оние со помали познавања“, вели Бирзен.

Што бараат младите?

Не само Бирзен, туку и повеќето нејзини врсници ширум Германија се жалат на истите проблеми. Затоа, дел од младите го бараат следново:

„Подобри услови за работа за учениците, помали одделенија, добро образувани наставници. Барањата се насочени кон подобрување на квалитетот на образованието.“

„Јас се залагам за одделенија со помал број ученици, бидејќи во тој случај значително ќе се подобри успехот на учениците. Тоа го осознав на интензивниот курс по француски јазик. Бевме само осум ученици, и сите постигнавме добар успех затоа што секој имаше можност да се запознае со наставната материја.“

„Јас барам комплетна реформа на образовната политика. Барам поголеми инвестиции во образованието, бидејќи во другите земји вложуваат повеќе пари за унапредување на образованието отколку во Германија.“

Само темелна промена може да донесе успех?

Deutschland Schule Schüler im Computerraum

Премногу ученици во една училница, премалку наставници, премногу загубени и пропаднати часови...

Јулија Клајн, ученичка во гимназија, исто така смета дека е потребна темелна промена на образовниот систем во Германија. Сегашната пракса во Германија е следнава: основното училиште трае само до четврто одделение. Во зависност од постигнатиот успех учениците го продолжуваат образованието во таканареченото Хауптшуле (тип училиште каде учат најслабите ученици). Во Реалшуле се запишуваа учениците со среден успех, а во Гимназија одат најдобрите. Тоа, според Јулија е неправедно. Таа вели: „Ова е уназадување за германскиот систем на школување. Ако се воведат исти услови за полагање матура насекаде во Германија, за на тој начин да се поистовети германскиот образовен систем со системот во другите земји, тогаш би било неопходно да се погледне како во другите земји се развива ситуацијата во врска со спроведените реформи.“

Но, за овие прашања не е одговорно Сојузното министерство за образование, затоа што образованието во федерално структурираната Германија е во надлежност на покраините. Елмар Кениг, портпарол на Сојузното

Lehrer und Schüler im Klassenzimmer

Образованието во Германија е во надлежност на покраините

министерство за образование и наука изјави: „Се разбира дека ваквата критика мора да се сфати серизоно. Во тоа воопшто не треба да се сомневаме. Дали можеби критиката се однесува на нереновираните училишни згради, или можеби на преголемиот број ученици во одделенијата или пак се должи на нешто друго, тоа е внатрешна работа на училиштата.“

„Треба и нас да не‘ прашаат“

На самитот за образование, што се одржа во Дрезден на 22 октомври 2008., политичарите постигнаа согласнот до 2015. година да се обезбедат околу еден процент повеќе пари за образованието. Се’ уште не е одлучено како ќе се финансира тоа, затоа трошоците и останатите прашања поврзани со образованието и натаму ќе останат во надлежност на покраините.

Нина Хоре, коорганизатор на штрајкот во Бон, смета дека барањата на учениците треба конечно сериозно да се сфатат, и тие да бидат поканети да учествуваат на наредните самити за образование: „Бидејќи, учениците сме ние. Само ние знаеме каква е ситуацијата во училиштата. Би требало и нас да не’ прашаат. Да не’ прашаат што е она што сакаме.“

А, веќе споменатата Бирзен, се надева дека штрајкот сепак е во полза и на политичарите, и советува: „Тие треба да го слушнат нашиот глас и да сменат нешто. Тие треба да ги сфатат и да им излезат пресрет на нашите потреби.“